Како сте задоволни од Samsung galaxy S9? За 20 дена ми завршува договорот, па ќе земам нов. Сега ги разгледував и према цените мислам дека до толку највеќе би фрлила пари за телефон. Битна ми е камерата и батеријата. За квалитет знам дека се слични сите самсунг. Сега имам веќе 2г Samsung Galaxy A6 (2017) и искрено презадоволна сум, батеријата и камерата супер ми се покажаа, но ете мала промена сега и сакам барем у нешто да е подобар од сегашниов, нормално.
Малку претерале со зумот на п30 Ајфон никогаш не посакав да имам. Ме нервира оперативниот систем мене. Не можам да му се навикнам и толку си е. Имам Самсунг цело време и сега Хуавеи. Да речеме, презадоволна и од двата. Комбинирани. Ноќната фотографија на Хуавеито е врв. Самсунг тоа сеуште го нема. Ама за селфи самсунг е закон, додека Хуавеито позадината ја прави избледнета.
Е А5 мислев ама ми се пишало така. Печатна грешка Океј е, не мора таков груб пристап, убаво си прашав, не дека не можеше да се разбере само поради една бројка.
МангуП бе брао мајчин. Од вакви пациенти си патиме,свеЗнајкоФци. Земи со с9 и ич да не му ја мислиш,супер телефонче,одлична камера.Мада ја ради портрет модот би идел на С9 плус,и поголемата батерија.
Е фала ти на мислењево ептен, ќе го имам во предвид и опција, го разгледував и тој. Некој од тие 2 ќе е сигурно, да видам само со договорот и претплатата како ќе испадне и дали на рати ќе го земам. Фала ти ептен стварно.
Не беше воопшто груб пристапот. Туку добронамерен. Има многу модели на Самсунг па затоа ме зачуди. Самсунг С9 е одличен избор.
Ајде едно прашање. Кој телефон да одберам samsung a7 2018, samsung a50, samsung a70 или huawei p20 lite? И во што е разликата...?
Јас би идел на А70,секако е подобар од А50,во следнивте работи. -Камерата на А70 е,32мп ке имаш поголема резолуција на сликите. -Камерата на А50 е,25мп ке имаш помала резолуција во однос на А70. -Видео снима А70 во 4к,ке имаш по квалитетно видео,и по чисто видео. -Видео снима А50 на 1080п,ке имаш полошо видео од А70,затоа што снима со помала резолуција. -Селфи камера А70 има 32мп. -Селфи камера А70 има 25мп,што е малце по слаба од А70. -Батерија има А70 4500 мах,што е одлично за еден телефон од овој калибар. -Батерија има А50 4000 мах,што не е лошо,но на А70 добиваш 500 мах повеќе,тоа е да кажеме просто како 2 часа плус на А70,од А50. Секако е подобар А70 од А50. Нема проблем,тука сме што може да помогнеме нели Искрено незнам како се движат цените,по договор,но ако не е некоја голема разлика во цена,и мжеш да си дозволиш,иди секако на С9 плус.