Дечки ми треба помош, знам дека на вибер има сикрет чет,иаме по дома небитен проблем со сестра ми нешо ми е сумљива и цело време и стига порака иам приметено на вибер, ке отворам не се покажува шо е логично да е сикрет чет. Сакам да дознаам со кој збори толку,дали некој знае као можам да го отворам тој разговор и како?
Самсунг е појак во слики. Х ов е само со фејсот подобрена ако си ја имала седмицата речиси е ист. Сепак тачот е тач кај ајфон. Јас би х-от.
s10e, подобар процесор со тотално нова архитектура и 8нм изработка, подобра графичка, по софистициран изглед, помали димензии за подобар екран. понов софтвер кој ќе има подолга подршка. Не знам како е камерата, но освен што има подобра резолуција с9+ во се друго е инфериорен.
Дечки дали некој што купил с10 се има регистрирано на сајтот на самсунг зашто пробувам неколкупати и цело време ми дава грешно имеи, а тоа е. Се јавив и на бројот наведен на страната и тоа минимум 10 пати од сабајле, и никој од нивните не сакаше ни да проба да ме регистрира, ме исклучуваа и сл..
Што е разликата што волку се разликуваат цените? за samsung s10 во нептун е 55,000 а во мобелих 35,700
Во мобеликс и слични мобилари не ти даваат фискална што значи дека не плаќаат ДДВ на државата. Ако сакаш фискална од кај нив, цената ќе биде слична со таа во Нептун/Сет/Анхоч. Ете, тоа е разликата. А да, првите ги носат преку црни канали, некогаш и наменети за други пазари, а вторите од официјални провајдери. Иначе исти се. И од едните и другите потполно исто ќе ти работат.
Мора пинот да го знаеш за да можеш да ја отвориш пораката.Незнам како би можело на друг начин.Затоа и постои таква опција за скриено допишување најмногу ради приватност и да не може некој друг да прочита.Стварно неам идеја како да ги отклучиш а можда и има некоја апликација наменета за тоа ама којзнае...
Да точно е тоа во право си, се е од љубомора. Јас го земав најновиот Хуавеј P30 PRO телефонот е сон за работа го земав. Само предната како ми ги вади професионални фотографиите а за задната да не правам муабет
Девојки можеби не е ова за тука но не најдов тема Како да направам пораките од месен да ми стигнуваат на емаил Ве молааам итно
Huwai p30. Јас како долгогодишен верник на Самсунг, земав Хјувеи иако бев скептична. Овие неколку дена од кога го зедов, не можам да го навикнам. Брз е, убаво слика, видеата се чисти. Има повеќе опции за сликање, убаво се слуша со еден збор телефонот е гром. Јас земав плав што се прелева бојата накај виолетова. Ми се допаѓа што има поголем простор 128гб. Читав на официјалната страна на хјувеи за раскинатиот договор со андроид ама тоа ќе важело од 2020 година, а тие што се произведени за време на договорот ќе останат исти. Сега за сега сум задоволна.
Имам самсунг ноте 9. Пред 3-4 месеци го земав. Од почетокот камерата беше топ, а во последно време е катастрофа! Зборувам за предната камера. Поготово на светло е лоша и матна и со блиц и без. Што може да е проблемот?
@Darlingzz провери во сетингс кај камерата случајно да не ти е наместено на најслаба резолуција. Можеби случајно си стиснала или имаш слаба меморрија, па така ги зачувува. Ако не е тоа тогаш како што ти викаат, доколку ти е под гаранција оди од каде што ти е купен.