Моментално имам Samsung s7 edge, 2 години го користам ништо не му фали ама сакам нов размислувам за Samsung a70, правев компарација на некоја страница но сепак не се разбирам доволно во спецификации, па ако може некој што повеќе се разбира да ми каже што мисли за овој модел, што да очекувам, дали ќе згрешам со изборот и слично.
Споредено А70 е подобар, а поевтин. Ѕ7 edge иако постар модел од S серија, уште држат цена. Единствено појак процесор има s7 edge од А70. Јас да треба да бирам, дефинитивно A70.
Не ти се исплати,да идеш од S серија на А серија,џабе што е понов А70,кога пак е подобар S7 edge,едностсвно S серијата била,и ке биде секогаш подобра од А серијата.Едино да имаш подобар телефон од овој сега,ти е С8+,С9+,С10,С10+,друго ништо од Самсунг не ти е во прилог. Јас ако морам да бирам,не би идел дефинитивно на А70.Подобро ке го користам S7 edge,до кога тера,па кога би рикнал,тогаш би идел на горе наведените телефони
Јас не знам во што е разлика, мене А9 ми се допаѓаше. https://www.google.com/amp/s/m.gsmarena.com/samsung_galaxy_a9_(2018)-ampp-9344.php и дадов предлог на што би идела. Меѓутоа ни А70 не е лош како што гледам сега. Но, сега би го променила мислењето бидејќи ги видов годините 2018 на А9. Јас сум за тоа да се земе најнов, па ете може да оди и на А70.
Како незнаеш,а го препорачуваш?Девојката бара ПОДОБАР,ако немаш доволно познавање,не е фер да даваш совет,кога нешто незнаеш.Те имам мн пати приметено во темава,даваш одговори како ПРОФЕСИОНАЛЕЦ,а немаат врска твоите одговори. Немам ништо против тебе,да не скокнеш одма,ама во темава сме да си помогнеме,за нештата кои добро ги познаваме.И да дадеме најдобар совет,со факти,се работи за технологија. Во што е подобар А9 од А70? Буквално во ништо не е подобар А9,зашто би го земала?
Како и секоја индивидуа овде имам право да кажам што ми се допаѓа. Ми се допаѓаше телефон и би го зела да имам можност. Дали имаат или немаат не е твоја работа, и ти имаш пропусти па не се моја работа. Тоа што ти имаш поголеми познавања, не значи дека некој друг не смее да даде. Поздрав
Девојката бараше мислење за ПОДОБАР ТЕЛЕФОН,не дали тебе ти се допаѓа цццц.Секако дека секој смее да даде совет и пише мислење,никаде не реков дека не смее,али кога помагаш во темава,образложи зашто едниот од другиот телефон е подобар,за да имаме престава,зашто е тоа така. Поздрав
ДЕВОЈКАТА БАРА СОВЕТ! Јас си кажав на што ја би идела. Ти едно време се утепа фалејќи ги Хјувеи па од кога го раскинаа договорот се врати на Самсунг. Професионално, да баш. Поздрав
@maaraa96 јас го имам Самсунгот А70 , веќе една недела го користам и сум презадоволна ,телефонот е многу брз, камерата е топ и предна и задна , нешто друго ако те интересира слободно прашај
Јас користам Хуавеи,и Хиаоми,Хуавеи со кои раскинале договор?Девојката бараше совет за А70,не тебе што ти се свиѓа или не,бараше совет ЗА ПОДОБАР ТЕЛЕФОН,ОД ТОЈ ШТО ГО КОРИСТИ. И уште ги фалам Хуавеи,само да го подобрат софтверот и ке бидат на врв.
Разбрав. Јас и кажав на што би идела. Што правиш толкава драма??? Мислиш дека ќе не послуша одма.. Боже Господе. Искулирај, колку безвеза мислења има овде ти за мене се фати, за да се караш.
Мислење за Самсунг А20? Денес земав нов број и доплатив 2500ден за телефонот. Не ни знаев дека постои а20 онака го земав, ќе ни се најде некогаш
Мене искрено ништо не ми се допаѓа од новата А серија на Самсунг. Многу ја осакатија оваа година. Обично се доста поскапи од конкуренцијата, а далеку помалку нудат. Кога веќе би одел со low или mid класа би гледаш само Xiaomi и евентуално Huawei. Тие се најдобри за price/performance моментално на пазарот. До 200 евра Redmi Note 7 е бест бај моментално далеку подобар од А20, А40... Од Самсунг вреди само S и Note серијата.