Мислев мислев и си купив едно вакво кутивче кое мислев дека е заникаде хахаха ама оно испадна мн убаво и ви фи имало што јас ко го купив не го ни погледнав беше последно и тоа во оне без бројче а сакав алкател 813 ама го имаше во т-мобиле и кодиран а јас корисник на вип а на др место го немаше никако ни на при пејд ни на поспеј супер сеа за сеа овој телфон
Сакам да идам неделава да си го зеам HTC Chacha.Ама да ти работел само со ONE картичка,а ја на t-mobile,сите ми се на t-mobile.Кај да го носам да го одкодирам или како и да се вика чудо,и воопшто дали е возможно да се направи да работи со сите картици?
И мене ми се случуваше истото со кредитот на ајфонот, отидов се пожалив ми рекоа демек на повеќето телефони на тач така се правело. Демек ако продолжат туку така да ви земаат кредит дојдете да напишете жалба, и после тоа не сум приметила да ми крадат.
Може некој да ми објасни како се прават фолдери за овој? Никако не успевам да си направам нов фолдер. И кога префрлате песни од пц во тел во која фолдер ги ставете песните кај DCIM ли?
Потполно ист е мојот. iPhone 3GS од 32 GB, бел. Најпрекрасен. Многу си го сакам. Иако и еден бел 4 или 4S нема да ми дојде лошо. Ама и овој пак не го давам, јок.
На каков фолдер мислиш , фолдер за десктопот или фолдер за музика слики и сл ? Јас имам HTC но менито е слично па мислам можам да ти помогнам
Јас имам iPhone 4 и морам ова да го демантирам. 1: Немора да го вклучам на лап-топ за да преземам апликација, можам и преку сами телефон, преку wireless. Апликациите за Ајфон се прекрасни, се можеш да си најдеш преку iTunes или преку App Store апликацијата што ја има во самиот телефон. 2: Не е воопшто спор, баш напротив, сум имала и поспори телефони како на пример Самсунг Дива. 3: Екранот е ретина и не се гребе, мојот телефпон само од позади го имам заштитено со маска 4: Никогаш не ми снемало мрежа досега, секогаш сум достапна. Ваков ист е мојот:
имам ајфон 4 , мн сум задоволна топ телефонче, брз, убава камера, елегантен дизајн ептен е топ, имаш апликација за се и сешто ептен ми се допаѓа супер ее еее го ОБОЖАВАМ
Скроз истиот нов ми е и можам да кажам презадоволна сум. Ист е како ајфон ги има сите апликации, андроид, 2 камери едната е 5 мегапиксели, ама се се има низ него.
Јас од се би се откажала ама од телефонот не. Иако правам сметки како ненормална... Во моментов имам Сажем ама му е дојдено време за замена.
EEee му помина веќе модата на мојов телефон... треба да се менува... Како и да е... алал му вера досеа што издржа хахаха.... и тој дури не знае што преживеал Го купив коа излезе и стварно скап беше ама јас искрено сум задоволна досега како изфункиционира... е сега веќе му откажа мемориската картичка ,му откажаа слушалките... екранот лом ми е направен незнам колку пати ми има паднато веќе... братучед ми незнам како успеа со неговите мали прстиња едно копче да ми извади...од три можни копчиња на тел...сеа имам две АМА уште е жив нека тера додека може. Порано многу се замарав... јас секогаш мораше да го имам најубавиот телефон ...па и моите одма желбите ми ги исполнуваа...ама како стареам ама баш ич не ми е гајле каков телефон имам...
Незнаев каде да го сместам прашањето затоа овде, имам Нокиа 7230, проблемот ми е што кога ќе си префрлам некоја песна или слика преку блутут се зачувува во ,, примени датотеки ,, ее...потоа треба да ги преместам во мемориска а неможам. Упорно ми се појавува ,, операцијата е неуспешна ,. Единствено ако избришам нешто од мемориската може да префрлам само еден фајл. А не е дека нема доволно меморија, скоро празна е и мемориската и телефонот.
Ова е мојот телефон- XPERIA X10 mini-pro без кој неможам да поминам ни една минута Многуу сум задоволна,има многу апликации,андроид оперативен систем,5-мегапиксели камера со блиц супеер е