Не сум имал лично искуство,братучетми го користи,се префрли од Самсунг на Мате 20 лајт,и е ептен задоволен,камера,брзина,батерија.
Земав samsung galaxy A70, телефонот доаѓа со адаптер со usb c type на c type, за 25% побрзо полнење. Земав посебно кабелче usb c со a, но кога го приклучувам телефонот со лаптоп, телефонот почнува да се полни, а лаптопот не го чита. На телефонот не ми дава никаква опција, некаков вид на одобрување. Инсталирав и "SideSync_4.7.5.203" драјвер од страната на самсунг и повторно ништо. Знае некој што е проблемот?
Имав вибер на мк број,и зашто сум во странство сакав само да го сменам бројот на вибер акаунтот ама разговорите да си останат нормално. Пред тоа направив бајкапп на мак број и сега немам ниеден раз на др број фактички како нов вибер акаунт. Кога пробувам да си го вратам со македонскиот број не сака да ми стигне код за активација а ниту пак телефонски повик. Некое чаре..? Роаминг иам укл и мак број ми е достапен
Нешто ми зафркаваше мобилниот и ја вадев/ставав батеријата и ми се скршија сите три "златни" мали делчиња од мобилниот апарат кои налегнуваат (се во контакт) со оние на батеријата. Нормално, мобилниот повеќе не се вклучува. Се решава ли ова во мобилара или тешко?
Huawei P20 Lite, Xiaomi Redmi Note 6 Pro или Xiaomi Mi 8 Lite? Доколку има и некој друг предлог до 12 000, добредојден е. Големината на дисплејот не ми е предност, сакам помал дисплеј. Најбитна ми е батеријата, камерата, да има коректна брзина на функционалност ( читај да не почне да кочи по 1 година нормална употреба ).
Redmi note 7, во Ледиком е 11к, на други места не знам. Најдобар избор е до 200 евра и подобар е во сите аспекти од погоре наведените. (наследник е на Ноте 6 Про). Втор избор за тие пари, но малку полош е Хонор 8Х и Самсунг А40.
Ако се плаќа во кеш,јас можам за 13000 денари,да ти средам Galaxy A50 нов,подбар телефон до 250 евра буџет нема моментално.
Zatoa sto sega ima i s9 i s10 pa po nekoja moja logika se prasuvam dali vredi so ogled deka e 2017 izlezen. Ustvari jas se mislam pomegju iphone 8 i galaxy s8, za telefoni sum tapa, pa ako moze sovet?
Немаш голема разлика помеѓу два модела да знаеш,како што е ајфон 7 и ајфон 8,освен задните капачиња другото све е исто.Така и кај s8 и s9,има во камерата минимална разлика,но телефонот s8 сеуште работи и ке работи уште 5 год безпрекорно,со оглед на тоа што на 2 год се менува телефон,нема да згрешиш да земеш s8.Јас повеќе сакам андроид,а ако си иос корисник нема мислење,зимај тогаш ајфон 8.
Во готово да, но се работи за поклон и ограничен е буџетот на 150 до максимум 200 евра. Така да во таа рамка барам.