Телефонот го немав допрено два дена, во меѓувреме се испразни и се исклучи. Го ставив на полнач и го вклучив. Екранот работи најнормално, часовникот покажува точно време и сето тоа, но тачот е потполно дисфункционален. Има чаре? Резервен ми беше и ретко го користев, затоа не сакам да го носам на поправки, ама мака ми е.
Исклучи го од полнач и рестартирај го види дали ќе се среди, ако не ќе треба да пробаш на фабрички подесувања да го вратиш преку бот менито.
Разлика меѓу самсунг а50 и а70? Ограничена сум на 350евра макс, па се мислам меѓу овие два модели. Мора да е самсунг само.
Нема некоја голема разлика, а70 има повеќе батерија, повеќе меморија и ако не се лажам подобра камера од а50 и е малку поголем а70ката, јас го имам а70, сестра ми го има а50, некоја преголема разлика нема. Сепак би ти го препорачала а70 бидејќи а50ката на сестра ми од чиста мира и се исклучи, два дена не и се уклучвеше, системот и падна.
И а50 е добар јас го имам, досега никаков проблем не сум имала може така и се погодил апаратот што незначи дека цела серија е лоша.
И јас го имам а50 и мене од чиста мира ми се исклучи. Ако и друг пат се случи истото нека го задржи копчето за вклучување и копчето за намалување на звук во исто време околу 15 сек.
Па не би рекла дека за 15000 ќе земев а70, го земав кога беа lucky days со 30% попуст и плус поени на happy картица, три месеци го имам се надевам ќе потрае
Сакам совет кој телефон да го одберам. Се мислам за iPhone X и iPhone 8+. Цената е скоро иста. Е сега 8+ го сакам бидејќи е поголем од Х, а Х е понов модел. @ЕденЧлен може ти можеш да ми помогнеш да изберам
Ја би идел без размислување на ајфон x,ми се допаѓа дизајнот,плус понов модел,повеќе години ке тера со новитете при абдејти,подобра камера од 8 плус,подобар процесор,едноставно во се е подобар ајфон х од ајфон 8 плус.
Помош! Имам проблем со мобилен Редми а6. Имено кога го ставам да се полни екранот му станува црн, нишо не се гледа,неможеш ни саат да видиш,ни да се јавиш,ни ништо. Звони,ама не се гледа кој звони,нитуо пак може да се јавиш Екранот е темен. Ова се случува само кога се полни,онака си е ок телефонот кога не е на полнач.
Вака ми изгледа како да има проблем со матична,за секој случај врати го на фабрички подесувања види дали ќе се среди нешто.
Еве ги двата најдобри андроид телефони моментално: асус, 512 или 1000 гигабајти меморија и, блеквју, 13.000mAh батерија (два дена непрекината работа или дваесет и кусур дена во мирување). Било кој два од овие е подобар од било кој од останатите. Вклучувајќи и ајфон. https://www.scmp.com/lifestyle/gadg...ne-2-review-gaming-handsets-high-refresh-rate Штета што ги нема во Македонија. https://store.blackview.hk/en/buy/biggest-battery-rugged-phone-bv9100
Ме интересира мислење на некој кој користел Xiaomi .Имено, читам мноогу коментари за тоа како софтверот им е лоша страна, со чести багови после update и многу реклами кои се јавуваат од нигде никаде. Незамисливо ми е при работа на телефон да ми излегуваат реклами од сите страни.
Против реклами за секој андроид смартфон, инсталирај си AdGuard pro (заинтересирани нека ми пишат порака), пет минути требаат за нагодување и после тоа телефонот е 99% безбеден од реклами и од досадни спамови багови итн.