Да не те разочарам... процесорите Snapdragon 810 и 710 се... Ух.. сѐ останато е врв! Дополна: Qualcomm SDM710 Snapdragon 710 (10 nm) Десет нанометарски... ЗЕМАЈ ГО *_*
@Keanu_R.Wick , не ќе да е Vivo-то. @blackpanter овој е телефонот, нели? Прв пат слушам за маркава. Е сега што ми стана сумљиво прво беше процесорот Медиатек 6592, кој е всушност од 2013 година и самиот процесор не подржува таков Leica сензор кој као демек е вграден во камерата, додека во спецификации не го пишува. Второ, нема пишано ниту кои бендови се користат и каква мрежна картица има иако пробав да изгуглам. Телефонот едвај всушност и го најдов пошто го немаше никаде освен во некои извесни продавници во Нигерија. Мислам дека ова е уште една превара/дубара каде што има ѓоамити јаки спецификации на хартија, а пола од нив не се точни и телефонот е катастрофа со некој баговит софтвер полн со малвери и адвери. Кога се купува телефон, за жал сеуште е многу битно која марка е самиот телефон. Доколку гледате дека е некоја непозната марка, изгуглајте добро пред да се решите дали да ги фрлите парите.
Врвен телефон,се што е ПРО нема утка,зимај без мислење,верувај нема да погрешиш. Далеку се премногу П30 лајт,со П30 про,како фичо и ферари,не велам дека е лош п30 лајт,ама сепак е ЛАЈТ.
Ау каква глупава споредба. Точно е дека про е подобар и поголем ама п30 не е фиќо. И плус гледам баш дека "ферарито" е квалитет. Инаку, не е воопшто лош, напротив е одличен.
Девојката праша за п30 про,никаде не спомна лајт,се знае ЛАЈТ спаѓа во најниска класа на телефон,самото зборче ти кажува ЛАЈТ,секој ЛАЈТ телефон е најнизок од неговата конкуренција,без разлика на брендот. И да споредбата е огромна,баш како фичо и ферари,се п30 лајт со п30 про.П30 про не е само поголем,п30 про е звериште од телефон,и 95% од телефоните ги става во прашина. За кого како одличен,за некој и п9 лајт е сеуште одличен,секој со своите потреби,и џебот Да не се објаснувам многу многу,еве видео кој го интересира,нека погледне и ке види за каков тип на телефон се работи.
Дечки, сакам да земам некој Самсунг. Ми одговара цената на Самсунг галакси а70, а80. Мислење за тие два? Сакам убава камера, солидно издржлива батерија, меморија. И која е всушност разликата меѓу двата? И секако ако имате и подобар предлог. @ЕденЧлен ќе те означам тебе, ако може да ме советуваш
@Keanu_R.Wick ти благодарам. Кога подобро забелржав и а80 е малку поскап, па доколку не станува збор за некоја голема разлика би го земала а70 мислам. Некое мислење конкретно за А70?
Јас не би идел на а80,некако ми е голмазен и доста тежок,плус камерата е цела ротирачка,и се извлекува со механизам,тоа е ризик кога може да блокира механизмот,па сервиси чуда се огин скапи.Ја би идел на а70,одличен телефон со голема батерија,камерата е ептен добра и го задоволува сите потреби,на еден аматерски корисник (не фотограф).Перфромансите се сосема доволни,ги добиваш сите абдејти што ги добиваат и премиум телефоните од S класа,како с10,с10 плус,Ноте 10,Ноте 10 плус.
Дечки, некој да има искуство со DM Mobil Store мобиларата во Скопје? Ми фати око еден телефон од кај нив, половен, уште има гаранција од Телеком, па си реков пред да го земам, да прашам дали некој до сега земал телефон од кај нив и дали било сѐ океј. Фала ви однапред
Јас имам на времето купено ајфон 5с,и за 2 дена се расклопи цел сам од себе,и едвај ми го вратија(имав другар кој работеше таму),и после тоа газдата ми призна дека е склопуван од 2 телефона во еден,и од тогаш очи не ми видоа таму,ни па некад ке ме видат.Твое е дали ке земеш или не,може мене ми се погодило така,али тоа е моето исуство.
Два телефони имам земено до сега од таму, Sansung S8+ и Samsung A50. Задоволна сум во секој поглед од телефоните, при купување обрни внимание да не е веќе отворена кутијата и гаранцијата да е две години. Продаваат и половни, поефтини од новите телефони, тие имаат гаранција по 6 месеци.