@MarigoldA Фала што ме потсети таман на време,после 4 дена користење на А3 можам да кажам збор два за овој модел на Xiaomi. Пред се вака,бев голем скептик за зимање на Xioami A3,ради тоа што читав како екранот не е FULL HD,како е тоа разочарувачки,Xiaomi да направат ваква глупос,секакви луѓе пишуваат све и свашта на нет,па после неколку пофалби од рандом ликови кој ме советуваа да го земам овој модел,се одлучив да го земам,ради тоа што бев ограничен со пари,а сакав да го земам најдоброто за парите кој ги располагав,за 180 евра го најдов нормално НОВ,со 24 месеци писмени гаранција,неотпакован(со сите фабрички најлончиња на кутијата). Пред се иако екранот е 720HD јас сум изненаден од боите кои ги поседува самиот екран,и од големината на екранот,се работи за 6 инчен екран,Super AMOLED кој што истиве екрани ги користат Samsung (A50,S8,S8+,S9,S9+),на екранот се гледа кристално чисто,јас искрено не ни приметувам дека екранот е 720HD,додека не пуштам видео на youtube каде што немам опција за 1080p да гледам,него сите видеа се максимална резолуција на 720HD,но за мене тоа не е никаков проблем,можеби некому би му пречело,но сепак мене не ми пречи воопшто. Перфромансите искрено се доволни како обичен корисник,плус имате ЧИСТ Андроид 9,каде што му ја олеснува премногу работата од софтверски дел на телефонот(овој модел на Xiaomi ги добива веднаш сите софтверски новисти од искачање на нов абдејт,одма стигаат затоа што е GOOGLE ASSISTANT),работи многу брзо,дури на моменти ке заборавите дека користите XIAOMI телефон.Имате 4 гб рам меморија ддр4,64гб внатрешна меморија за складирање работи,што мислам дека е сосема доволно,и да не ви е доволна таа 64гб меморија имате простор за ставање на мемориска картичка. Кога сме кај камерата,имате задни 3 камери,48mp,8mp,2mp,камерата е феноменална морам да потенцирам дека денски слика ПРОФИ,за вечерни услови(каде што светлото е минимално),не е ништо посебно,но имате опција да снимите GCAM,додаток за камерата,која ке ви помогне сликите да бидат уште подобри,затоа што GCAM,вади максимално од камерите.Предната камера е 32mp ФЕНОМЕНАЛНА погодена за СЕЛФИ љубителите,имате опција за портрет мод и на предната камера(како и на задната камера)Видеото е исто така на одлично ниво,каде што снима 4К (2160p@30fps),видеата се феноменални.Камерата има и 2х оптички зум,каде што можете да зумирате доста далеку. Спојлер: Слики за компарација Xiaomi A3 Сум имал доста телефони на оваа компанија,и можам да кажам дека дефинитивно А3 ја има една од најдобрата БАТЕРИЈА во светот,се работи за 4030 mAh,батеријата со сигурност ке ви трае повеќе од 1 ден максимално малтретирање со 4г интернет,и вифи,јас верувајте неможам да ја потрошам во еден ден батеријата,со сликање,снимање видеа,цел ден на вифи и 4г,и навечер ми е 40% батеријата,феноменално нешто.Батеријата подржува БРЗО ПОЛНЕЊЕ,каде што телефон некаде околу 1 час и 30-40 минути ке биде полн до 100%. Се надевам дека не пропуштив ништо,ако сум пропуштил а ви текнува што,слободно прашајте ме,па ке се обидам да ви одговорам @Billy Idol збор два за А3,па во брзо ке направам споредба и со Ноте 7,Galaxy A40,A50.
Самсунгот, за целокупното искуство, ако не ти смета што е баш голем. Или евентуално за тие пари половен самсунг с9 или ноут 8.
Имам проблем со телефонот. Кога го вклучувам екранот ми бара пин за отклучување го пишувам точниот пин, и притискам ОК и цел екран поцрнува и ме враќа пак на почетна.. Инаку тачот работи исправно, ми стигнуваат нотификации и пораки, но не можам да го отклучам и да влрзам во мени ниту settings.. Дали некој знае што проблем е ова? Инаку се работи за Samsung Galaxy J4+
Колку време го имаш телефонот и колку меморија имаш ? Мислам на вградена меморија, не рам.. Јас сум имал такви проблеми и обично беше затоа што телефонот е спор, а доста се успорува кога имаш малку меморија останато.
Се ближи 11.11, роденденот на Алиекспрес, што значи многу попусти и интересни зделки. Мобилните како и секоја година привлекуваат најголемо внимание, и го имаат главниот акцент. Поради тоа што имам веќе поприлично стар Xiaomi Redmi Note 4X, мислам дека е време да направам еден апгрејд на нешто поново, но не би одел со некои ултра скапи модели, туку би се задржал на таа entry-midrange класа со буџет околу 150тина $. До таа цена, ми паднаа три телефони во очи, па ќе направам една мала компарација подоле: 1. Xiaomi Redmi Note 8 Наследникот на Redmi Note 7, и не нуди некој огромен апгрејд од претходникот. Има маалку подобар процесор Snapdragon 665, придружен од графичка Adreno 610. Надополнети со 4 ГБ РАМ и 64 ГБ простор. Доволни за daily usage во 2019. Предности: Камера. - 48 MP главна камера со 1.8 бленда, потпомогната со 8 MP ultrawide камера и две камери по 2 MP, macro и depth. Сензорот кој го користи е на Самсунг. Фотографиите се вивидни, колоритни и одлично се покажува во ноќни услови со night mode. - Главна предност која ја поседува наспрема вториот конкурент е EIS или електричниот стабилизатор при снимање што е денеска must have во 2019. Камерата е уште подобра со инсталирање на апликацијата Гкам за која сега не треба рут. - 3 слотови. 2 за СИМ картички и една за мемориска. - Џек за слушалки и IR blaster (инфраред со кој можете да го претворите телефонот во далечинско за секакви уреди). Одлична 4000 MAh батерија која солидно тера ден и пол со нормално користење. Најнов е. Септември 2019. Маани: Воглавно и не се маани, т.е не може да се гледаат како такви, но субјективно на ова му најдов замерка. - Екранот е IPS, но е 1080p и има добри бои и контрасти, иако може да се забележи маалце послаба осветленост на сонце. - Самата изработка на телефонот кој содржи пластични рамки и малце поголемите безели, како и огромните димензии (најголем е од сите 3) го прави да не изгледа баш нај нај атрактивно. - Софтверот, MIUI, кој за некого е маана, за друг пак не, но сепак мора да го земам воглавно како недостаток наспрема другите иако јас сум доста навикнат на него и не сум sick по Vanilla Android. 2. Xiaomi Mi A3 Добро познат телефон кој се брендираше по одличниот андроид софтвер, навремените апдејти и одличната подршка од android community. Под хауба вози ист Snapdragon 665 кој е маалку downclock-нат од претходникот, но поради самиот екран и софтверот добива на перформанси и економичност. Исто ја гледав верзијата со 4/64 ГБ која е класика за 2019 година. Под ова, не би земал андроид телефон. Предности: - Софтверот. Најголема предност што има ванила андроид и што добива апдејти од Гугл директ. Јас си го викам Мали Пиксел. Значи софтверски ќе добива апдејти уште 100 години и ќе ги добива прв. Поради ова и има подобри перформанси од првиот избор, подобра ергономија, нема блоатвер и може подобро да процесира слики. - Камера. 48 MP, со 1.8 бленда, со Сони сензор. Придружена со уште 8 МP ultrawide камера и 2 MP depth сензор. Овака на хартија може изгледа послаба од Редми Ноте 8, што можеби и е, а можеби и не е. Од тоа што видов на интернет, денските фотки се екстремно добри и можеби со Гкам би биле и далеку подобри од Ноте 8. Но, ноќните што ги гледав се послаби и има доста noise. - Селфи камера од 32 MP која брише под со онаа на Ноте 8. Предобра е. - Фингерпринт скенер под екранот, што за мене и не е некоја предност, ама ај, му дава подобар изглед. - Димензиите. Далеку е помал, покомпактен во рака, што мене ми одговара. - Има исто џек за слушалки со active noise cancelation што е одличен, и сигурно звучникот е подобар од оној на Ноте 8. Има и IR blaster, и слот за мемориска која се дели со втората СИМ картичка. И он подржува две. Не е идеално решение, но е добро. - Батеријата. 4030 MAh што е одлична и поради софтверски твикови и екранот ќе држи и повеќе од онаа на Ноте 8. Маани: - Екранот. Најголема маана на овој телефон. Чир. Амолед е, ама само 720p. Ееј. Во 2019 телефон да нема full HD. Ајфон и А3, тие се. Видов и на видеа дека е даалеку полош од оној на Ноте 8, многу слаба светлина, бледолики бои и како што реков, резолуцијата е deal braker. Ни видеа на ЈТ не може "асално" да се гледаат. - Камерата. Нема EIS (electric image stabilization) што е уште една катастрофа за телефон во 2019. Како и што реков, night mod-от има доста noise. Недостаток на макро сензор. - Малку поголеми безели и чин од Ноте 8 што изгледа уште погрдо од него, но, чудно, изгледа поубаво поради димензиите. - Нема NFC. Не дека некогаш ќе го користам, ама ајде. 3. One Plus 3T Флегшип килерот од 1+ кој растури на пазарот кога излезе пред 3 години во, сега веќе далечната 2016. Видов дека истиот е на попуст голем и вреди да се разгледа што нуди. Предности: - Перформанси. Снап 821 и 6ГБ РАМ со 64 ГБ меморија која не може да се прошири со мемориска, за жал. - Софтверот кој иако не е чист ванила андроид, сепак е одличен, мазен и далеку подобар од MIUI (мјау) на Xiaomi. Доби и Android Pie, најнов софтвер и мислам дека му е тука крајот. Одлично комјунити со многу голем избор на РОМови. Не е мртов телефон. - Екранот. Прекрасен Амолед екран што ги шие погорните два. Мерак да ти е да гледаш на него. - Камерата. Иако има сингл камера назад, сеуште се држи одлично и вади слични по квалитет фотки како Покото преку ден, подобар е од горните два, додека на вечер губи малце бои и контраст ама noise-от е на минимум. Auto HDR за видео. Quality, bitch. - Дуал СИМ има исто така, ама јок мемориска. - Фул метално тело кое изгледа прекрасно од позади. А и е далеку поиздржливо и не е магнет за отисоци. - Многу добар фингерпринт сензор. - Најдобри звучници од сите три. Маани: Како се што старее, така и овој флегшип си има некои маани со тек на времето. - Батеријата. Најголема маана му е она што е само 3400 MHa. Едвај ќе се гура ден со неа. - Огромните безели, чинови што се трејдмарк за тоа време го прави винтиџ и заостанат спрема денешницава. Како и физичките копчиња. - Горила глас 4 наспрема горните што имаат 5. Адрено 530 графичка. Недостаток на IR Blaster. - Староста. Што значи дека нема да има веќе апдејти софтверски и ќе оди набрзо во заборав, што значи дека ќе не може да се продаде подоцна. Заклучок: Покушав да објаснам што е можно повеќе и да направам една солидна рецензија која секому би помогнала кога е избор на телефон до 200 Евра (кај нас) или 150$ на чичко Али. Кој и да се земе за тие пари е ГРАБЕЖ. Мене највеќе ме влече Редми Ноте 8. Има најмали компромиси кога е во прашање мој вкус. Нов е. Солидни камери, екран и доста опции. И батеријата, како нешто пресудно. А и овака изгледа најмодерно. Би сакал да чујам мислења и од вас. Што би земале вие од овие три и зошто? Ќе го тагнам @ЕденЧлен кој го има А3 од скоро, па би бил благодарен ако ме удостои со мислење.
@Billy Idol да не се повторувам зато те тагнав,да прочиташ што се имам да кажам за А3.Јас сакам телефони со чист Андроид како што е и А3,не го сакам ич Miui,плус на А3 ке си добивам уште долго абдејти,јас сум искрено препрезадоволен од телефончето. Да те поправам нема ванила Андроид неко има Pie 9 Android One
Ванила Андроид е чист Андроид кој може послободно да биде изменет или прилагоден онака како што сака компанија која произведува смартфони,а Android One е под поголема контрола на Гугл.
Телефонот го имам од месец мај, има вкупно 32гб од кои слободно имам 14гб. Затоа мислам дека не е до меморијата, телефонот не е преполн со апликации и работи без да закочи.. Само ова му се случи еднаш и од кога го рестартирав се среди
Знае некој на новиов софтвер на Ајфон како одеднаш да ги избришам сите пораки? Пред да се абдејтира држев на било кој ,,чат” и се отвараше селектирање кои да се избришат. Сега не гледам никаква опција и еден разговор по еден бришам.