двата имаат просечни камери, нема некоја разлика ми а3, редми ноте 7 про, иста цена се имаат осетно подобри камери, плус ако инсталираш Google camera многу подобри ке бидат. и 2x побрзи се.
Дечки препорака за мобилната која би сменила стакло на huawei p20 lite. Си функционира екранот ама стаклото е сол на некои места ми бараат 1000 денари, на други над 2000 денари и не знам каде да одам. Во меѓувреме размислувам за нов мобилен. Ќе биде привремен па не ми се даваат многу пари. Битно ми е предната камера да биде добра. Се мислам меѓу huawei p30 lite, xiaomi mi a3 и Samsung a50s.
Каде и да отидеш, ништо нема да ти смени. Ќе стават некое кинеско фуш кое нема да биде како оригиналот. А и прашање е тој телефон колку вреди да се вложува 1000-2000 во него. Ја радо би ги додал тие пари и оние што ќе го продадам за делови во нов и би земал редми ноте 8 про. Од овие што си ги ставила, зависи од цена, ама би одел со А50с.
По колку се движат цените на iPhone 11? А колку на 10? И дали има некоја разлика во камерите или се слични?
Дали има некој искуство со Xiaomi Redmi Note 8 Pro ? Конкретно ме интересира како сте задоволни од камерата:
Samsung Galaxy A40 или Samsung Galaxy A30s? И дали некој има искуство со Samsung телефони од Анхоч, од каде ги набавуваат, бидејќи не е овластен партнер на Samsung и овие телефони ги има со пониска цена од Нептун, Сетек и операторите, кои се партнери на Samsung.
A30s има подобра камера, подобра батерија и за малку подобар процесор пошто е оверклокнат. Слабости му се ужасниот 720p екран, 2.0 usb type C што значи ќе полни поспоро. A40 има далеку подобар екран со full HD, подобро body-to ratio, рам 4/64 ако во случајов погорниот е со 3/32. 3.1 type C за fast charging и КРШ батерија. Се на се. И едниот и другиот се осакатени во различни клучни сегменти и јас не би земал ниту еден. Но, ако морам да бирам би одел со А30s ако е 4/64, ако не е, со A40. Исти се и во Анхоч и во сите мобилари. Овластен, не овластен нема врска, ова го имаме неколку пати напишано на темата. Се е до тоа преку каков канал ги набавуваат и колку МАРЖА си ставаат. Слободно земи си од таму. @LEA24 камерата му е одлична иако нема Гкам за него. Т.е има некои портови, ама сеуште не е исполирана па мораш да ја користиш стандардната апликација од Шаоми. Камерата ти е со новиот Самсунг 64 Мпк сензор и оверал е најдобро нешто што се нуди за тие пари на пазарот. @ЕденЧлен , кое сакатење е новиов А51, тотално не конкурентен за цената. Уште па му ставиле Горила Глас 3 бе. Во 2020. Камерава со 32 мпх сензорот. Изгледа на лето пак ќе вадат А51s со подобри камери за да се држат со конкуренцијата. И пластичен е. Еј. ПЛАСТИКА ЗА 300 евреи. Кое касапење се овие А серијава чудо нешто... За париве се зема Ми 9 кој е едно 100 класи подобар, ама "бренд", нели.
Тоа се јаки маркетинг трикови,што ги разбирааат само оние нели кој се ептен навлезени во мобилната технологија.Земи просечен корисник што на 2-3 год менува телефон,не му е битно дали е пластика,дали има 32мп сензор или 48мп,не го занима дали има горила глас 3 или 5,него едноставно го занима што е Самсунг,што е бренд.Ако гледаме така ни еден Ајфон не вреди за парите,затоа што 80% користат технологија од 2010 година.И да пак ке биде А51s продаван верувај,и за А50 збореа,вака така не чини,па испадна најпродаван Самсунг за 2019 година. Јас кога би бирал за парите дефинитивно наместо А51s би земал Ми 9 без никакво размислување.Еве го Ми Ноте 10,го има веќе за 470 евра,за 2 месеца ке биде некаде 400 евра,така да сите други брендови отидоа пепел,за 400 евра телефонот гази буквално во СВЕ. Другар пред 10 дена продаде Iphone 11 pro max,зема Ми Ноте 10,тоа е ненормално нешто со камерата,врвен телефон.Здравје да сме здрави и живи само,во 2020 ке го зимам