Дали некој од вас знае каде може да се најде самсунг с9+? Гледам по салониве на вип и т мобиле го нема.
8t - има побрз чипсет, батерија поголема, задни камери подобри, изработка горила глас 5 напред позади (самсунг напред горила глас 3 позади пластика), инфраред, USB On-The-Go а40 - селфи камера подобра и дисплеј амолед
8T all the way. Не знам само од каде ти е план да земаш, но во врска со цена погледни го ноте 8 про од Шаоми кој е подобар, а би требало да се слична цена. Разликата меѓу обичниот ноте 8 и ноте 8Т е тоа што вториот е наменет за Европски пазар и има NFC и Band 20. НФЦ ти овозможува да плаќаш со телефонот како "кредитна картичка", со тоа што го допираш задниот дел до читачот и наплатено е. Band 20 е бенд за моб интернет, 4Г со кој се покриени повеќе руралните делови кај нас во Македонија и ќе имаш подобар сигнал доколку често патуваш кај нас, а можеби и во странство. Или ќе ти користи ако си подалеку од градско подрачје. Ноте 8 про од друга страна е комплетно друг телефон со далеку подобар процесор, камера, рам, екран и се останато. Нема бенд 20, ама има нфц. П.с инфраред не е за префрлање на слики, туку е "контролер" за многу домашни уреди како на пр клима, тв, звучници. Јас дома мојот како далечинско за тв го користам на пати и ги зезам моите.
истиот го имаш во Ледико,Мобеликс неотпакован,за 460-470 евра.Иначе ја има најдобрата камера во светот моментално на мобилен телефон.