Да не знаете некаде по мобилари/продавници да има пиксел 3а или обичниот 3? Нов или користен, не е битно. Буџетот не дозволува за пиксел 4, а и не ми се допаѓа 4ката.
Дали имате искуство со Redmi Note 8 Pro, како е батеријата, дали загрева? Сакам да го нарачам од Вип 9000 ден е онлајн ама само сина боја има. Иначе дупло е поскап по продавниците.
Пишував за него веќе. Подобар телефон до 250 евра нема кај нас. Најдобар избор е во таа мидрејнџ класа. Јас го нарачав преку нет, исто плава боја и сум презадоволен. Камерата ме воодушеви. Не загрева воопшто иначе, има водено ладење. А батеријата му е меѓу најдобрите. 5000 mAh е и комотно држи и преку два дена.
Поздрав, каде би ми препорачале да го променам екранот на |Samsung A6+ 201 во скопје али да не е премногу скапо. Фала
Знаете ли дали се само тие моментално телефони во телеком што се прикажани на веб страната или си имаат на залиха постари тел? Бидејќи само некои понови тел има прикажано порано знам имало повеќе, некој што има купувано сега скоро дали знае? Фала многу
Дали при промена на предно стакло може да ми се оштети тачот? ...и некој што менувал стакло да препорача мобилара од каде е задоволен.
Јас порано на самсунг А5 менував и ми се оштети тачот..Може е до мобиларата, 3 пати бев да го местат џабеее ми стискаше свашта.
Nova 5t дали го даваат од Вип на рати, ама на сметка не преку НЛБ? Сакав Ноте 8 про ама не е преку сметка.