Здраво, кој телефон е подобар Iphone XR или Iphone Xs? И дали вреди да се купат од Ledikom или е најдобро од Istyle?
Во Ледиком ти е најефтин. Јас од таму го земав мојот. @babybubu јас сите телефони од Ледиком ги земам. Ако купуваш во кеш најисплатливо ти е.
Оргинали се, со бандерола се, како што си е ред се'. Старо откупуваат, но не очекувај висока цена. На пр. мојов Ноте9 го проценуваат 12 000, а го купив 54 000. Цената на телефоните мн. брзо паѓа.
Дали во Ледиком даваат нивна гаранција и фискална? Сеуште не сум купил асален телефон па гледам опции од каде што и како... Ако не од Ледиком, од каде би ми препорачале?
Даваат гаранција, за фискална не се сеќавам, прашај си најдобро. Јас од нив задоволна сум, барем досега. https://www.apple.com/iphone/compare/
Сакам некој понов ајфон, но гледам новиве немаат опција односно сензор за отклучување со отпечаток од прст.. Три години го имам iPhone SE , задоволна сум, го земав од телеком бидејќи слушав демек ледиком не биле оригинални, но не е така. Супер им се телефоните и по добри цени. Сепак се мислам од Мобеликс да земам.. проблем е што не сум баш при пари па би го земала од Телеком на рати баш поради таа опција да го исплаќам две години, но ќе ми излезе многу поскапо, кај нив поскапи се самите телефони, плус на рати уште поскапо...
Која е подобра мобилара? Ledikom или Mobelix? Цените во Ledikom колку што гледам се за 20 евра поевтини од Mobelix (за Iphone 11) Дали тоа значи дека во Ledikom не се оригинали? За нови ми кажаа дека се и на двете места, т.е. не се експонати.
Нови се и во Ледиком. Супер се мои другарки имаат купувано. Оригинални се. Не знам стварно од кај би купила ама дефинитивно нема да згрешиш. И јас го гледам ајфон 11 и за 20€ не треба да е проблем ако веќе сум ги собрала парите. Најубаво е од мобилара да си купиш бидејќи не си обврзан со договори. Јас земав од Телеком последно и долго време го исплаќав. Еве сеа се мислам дали да почекам и да го купам од Ледиком или Мобеликс или пак на рати од Телеком.
Заборавив да пишам дека од Ледиком ако некој купува нов телефон е океј. Знам луѓе кои купиле на старо, користени телефони и од Ледиком им дадоа неоригинални полначи и слушалки. Телефоните беа океј и со кутија и со се, само што беа користени и поефтини.
Од Нептун и Сетек не се купува телефони. Така ми имаат кажувано. Не дека не биле оригинал, океј биле телефоните, но таму биле полоша серија. Ова не излегува од мене, од други ми е кажано. Имам и другар кој работи во Нептун, и кога го прашав ми вели, ако немаш пари, ако ти е за на рати земи го од а1 или телеком немој од тука.
Нема врска, топ се Нептун. Имам неколку земено од нив, никаква поплака немам. И има разлика во цените со а1 и Телеком, таму се е поскапо,а истото го земаш од Нептун за поевтина цена. За Сетек не би можела да кажам, немам искуство со мобилни од таму.
@Fallen.Angel Ова мислиш на тие што се половни дека им даваат неоргининал полначи и слушалки? За Ледиком?