Па не знам така ми имат кажано.Сериско производство биле ајфоните, нели и сериски број имат. Епа тоа ми беше кажано, за во Македонија општо се е така. И кога купуваш мерцедес ти викат сите иако земаш од салон, земи го од Германија, кај нас праќаат полоши серии. Знам еден човек кој купил од салон во Македонија, нов мерцедес, му кажаа одма дека има ставени различни гуми и во ентериерот не било тоа тоа.
Се мислам да си купам нов телефон. Поисплатливо ли е од Ледиком (некој до кај 10.000) ? Или предложете некоја друга продавница која има океј телефони до таа цена
Така прават многу луѓе. гледав баш ајфон 11 е 869 евра, ти враќаат данок околу 200 евра и пак е тука некаде, дури и поефтино. Цениве ги гледав во Plaisio во Солун.
Да, таму гледав и јас. Башка ќе прошетам низ Солун, ќе пијам сок во Старбакс, ќе јадам гиро, ќе купам телефон поефтин и подобар од кај нас во Мкд и на крајот од денот среќен, задоволен, најаден, напиен.
Е да бе, а ти демек не сакаш да одиш... Да јадеш гирце, да пиеш сокче покрај моренцето и да си купиш телефонче. За жал нема кој да ме слика. А јас чипичан користам.
Стално одам не ми се оди искрено. А гирото не е толку којзнае што. Старбакс е за богаташи. Јас пијам ефтино кафенце некаде и си пијам кока кола лајт од едно евро.
Да ти дадам пари да ми купиш? Ќе ти дадам и 5 евра да јадеш гиро и да пиеш кокаколалајт. Јас во Старбакс не пијам кафиња туку нешто поефтино, цеден сок...
А може и да си земете телефони од Мобиком, во Битола. Дечките ги набавуваат телефоните од Грција, и имаат многу слични цени со Ледиком/Мобеликс. Телефоните се нови, неотпаковани, за ЕУ пазар и со грчка гаранција. Доколку има проблем, тие го праќаат телефонот на сервис во Грција. Познавам повеќе луѓе кои зеле телефони од таму, сите се презадоволни.
Можно е ли во телеком да има уште ајфон 7плус или 8 плус ? Прашувам од причина што не се прикажани на страната на телеком, валда имаат така и др тел во залиха или не.. некој случано да не има некоја инф?
Да исплатливо е и се до добар квалитет земав Самсунг ноте10+ . Работи топ ,мада бев скептик заради цената .
А која цена беше телефонот што си го зела? Морам да си купам нов телефон, па затоа прашувам. Не сум зел тел. од продавница цели 13 години ...
Ајде малку помош околу смарт часовници, нема тема за нив, затоа тука пишам. Препораки? Ми треба некој кој е поефтин, најважно ми е да држи батерија, да е водоотпорен и да мери чекори. Се мислев меѓу Дива или Канон, ако некој има искуство со овие брендови нека пише искуство.
Дали некој од вас купувал телефон од iButik? Некако ептен ниски цениве ми се видоа, имате искуства со нив? Сум купувала заштитни стакла, сум заменувала батерии кај нив, супер си беа ама за телефониве да не прават некои глупости?