Да ве прашам гледам се уште постои ненормални луѓе со скриен број и незнам кој е но ме интересира дали може да се открие бројот во т-мобиле, ако да колку се плаќа?
Има,ама сега сите телефони имаат опција за блокирање на скриени броеви најди ја и уклучи ја и мирна глава.
И јас би ти рекол Хонор 10 лајт. Океј телефон е, ама само океј и ништо повеќе. Ако имаш друг избор во тој ценовен ранг, или малку да доплатиш за нешто подобро, пиши, ќе ти дадам совет што да одбереш. Верувам дека може да се најде подобар избор од двата телефона за приближно иста цена или маалку повисока, а да се добие далеку повеќе.
Земав да разгледувам да видам што нудат во а1 и ги земав овие два во обзир заради пристојната цена прво и второ зашто од претходни искуства со телефони од овие производители се покажале добро. Искрено немам некое огромно познавање од телефони и технологии и новитети па да оценам што е подобро па затоа и дојдов тука на темава да си прашам. Имам уште време да размислам па затоа добро би ми дошле било какви совети за телефони од сличен или подобар ранг и слична цена.
Не ми се верува колку ги дигнале цените во А1... За Нова година знам дека имаа поголем попуст, а и изборот е сведен на минимум. Тоа е уште поголем проблем што си ограничена само од оператор. Било што да препорачам, огромна е разликата во цена. А сакав да ти речам да одиш со Xiaomi Mi A3, ама многу ќе биде над буџет. Ако не ти е хитно, почекај понатаму. Сега е најлош период за купување на нов телефон оти сеуште не се добиени новите модели од 2020.
Го има некој самсунг 71 ?Долго време го меркам и сакам да го купам .... но дали самсунг 70 и самсунг 71 е истиот телефон ?
Да во право си, можеби е подобро да си почекам подобар период , и така не е итно. Фала ти во секој случај.
Се мислам помеѓу овие 2 модели, ако може некој да даде препорака. Сега користам Huawei p20 lite и сум задоволна.
Note 8 Pro, и тоа далеку подобра. Има 64 MP Samsung сензор кој се покажа една класа повисоко од сите low-to mid budget лански решенија со оној сензорот на Самсунг од 48 MP. Истиот овој сензор го има во овогодинешниот Самсунг А71, што говори за колку добра камера се работи. Redmi Note 8 Pro overall е и најдобриот телефон на пазарот кој може да се најде за 200 евра. Далеку е подобар за парите и класа е над сите low и low-to mid телефони од рангот на Samsung A51, Huawei P40 lite (да, зборам за овогодинешните уреди) и гледајќи што извадија и Шаоми годината во тој ценовен ранг, ќе остане и понатаму неприкосновен за price/performance ratio. Да не биде само дека го фалам, еве, изволте, увери се.
Осетна е разликата во квалитет од обичната апп и Гкам, посебно ноќе. Толку добро изгледаат, мислиш дека ден е, како со друга камера да си сликал. Одлична е за low-light. Преку ден пак, има подобар контраст, сатурација, кои овака можат да се средат со апликација, во детали не успеав да видам некоја осетна разлика од сток камерата. Секако, огромен плус е, посебно ако ја конфигурираш за ноќно сликање и уклучен HDR+, за статични фотки е незамисливо добра.