И јас со проблем, ако некој се разбира, помагајте. Имам нокиа 6 и изгледа си се апдејтна пред месец или нешто и многу се нервирам. Пола работи видов како се сменети, го научив али сеуште кога ќе стиснам на do not disturb слушам звук од нотификации. Сите сеттингс ги прегледав, едина опција што ја најдов е на секоја апликација одделно да исклучам нотификации али немам навика па да отварам да проверувам и ќе пропуштам пораки. Како пак да ми функционира до нот дистурбот?? Веќе ми е ставено кога е уклучен да мутира звуци од нотификации, ако некој ѕвони или да не вибрира и пак оди контра. Треба ли да го носам на проверка или може да е од што го имам веќе 2 години?
Земи си нова фолија стаклена,нема фолија што не пука,остави ти маркетинг трикови каде што со чекич рекламираат како некој фолии се до толку јаки.Стави си стаклена што одговара на големината на екранот,али да го зафаќа целиот екран.
@buba4e89 не знам за ајфон дали има, ама тие ко силиконски фолии ми се многу подобри од стаклените. Јас имав година дена и на толку паѓање не се ни помрдна.
Не знам некој што нема ајфон со распукан екран / стакло. Не купувај оригинални за џабе. И внимавак како ја ставаш мислам тоа има врска мнофу.
Јас ставив во Apple. Дечките ми ја наместија и еве веќе една година и повеќе, да не се подречам, нема пукнато, супер е.
Менувај нова толку се трајни,гледај само добро да лежи и фрлај чеканот подалеку да не оди нареден пат цел телефон!
Здраво дали има разлика во камерата на ajfon11 со 3камери и ajfon11 со 2камери ? Да сподели нелој искуство од моб?
Мене ме интересира дали повеќе се исплати Samsung s20 или iphone 11 ? Моментално имам iphone 7 маста му ја извадив сакам нов да си купам ама се мислам меѓу овие два,битно ми да има добра камера
Има разлика. Тој со три камери има скроз друг сензор и е далеку подобар од тој со 2. @Kimberly11 , Ова е тешко прашање и ствар на вкус е, што тебе повеќе ти одговара. Пошто се работи за нови телефони, ретко кој имал можност сеуште да ги тестира, споредува, итн. итн. Ама едно одлично видео излезе на Јутјуб од споредба на поголемите (и подобрите) модели на истите смартфони, па ако го изгледаш ќе видиш дека секоја камера си има свои предности и слабости во однос на друга. Малку покомплексен е одговорот, и секако на крај изборот личен кога е оваква ситуација каде е прашање на вкус. Јас би ти рекол на крај да ги видиш во живо, да ги споредиш и кој повеќе ти одговара, тој да си го земеш.
Кога истражував кој да го земам дали 11 или 11 про макс,бев цврсто одлучна за 11. Мислев нема да ми смета разликата бидејќи и на двата телефони камерите се добри. Во 11 про макс имаш двојни блиски,0.5 подалеку и еднаш нормална слика. Како слика тоа е преубаво,не можам да ти опишам,имам сликано ѕвезди,месечини и прекрасно слика. Разлика е само во сензорот во однос на камерите. Не се покајав во ниту еден момент што го купив. Уф тешко. Најубаво е да споредиш на Гсм Арена,таму ќе видиш и за камерите. Мислам повеќе те влече 11ка отколку Самсунг.
Што мислите кој?? Неможам да се одлучам ги гледам перфомансите кај самсунгот се подобри ама ипак ајфон си е ајфон? Helpppppp
Тука можеш да направиш compare https://m.gsmarena.com/compare.php3?idPhone1=9848&idPhone2=10080 Еве јас ти направив една споредба.
Имам еден проблем незнам дали е за тука Бев во телеком да извадам листинг на повици ама бидејќи немав матичен број од мајка ми ми рекоа дека од дома од пц можам исто да проверам Но отварам страна на телеком незнам каде да внесам матичен број и да се логирам за да најдам листинг знае некој да ми помогне?