Епа изгорела. Мене ова ми се случи кога префрлував работи од телефон на мемориска. Во сред префрлување ми се изгаси телефонот и после тоа мемориската не ја примаше. Да сме живи и здрави. Види пробај во некој сервис за телефони, ако можат да ти ги спасат стварите што ти биле на мемориска. Не сум сигурна дали воопшто може ама вреди да се проба.
Дали знае некој каде да најдам држач за телефон? Ама не за во кола Него онака за снимање, сликање или гледање филм итн?
Да ве прашам нешто, зашто кога ќе го наместам алармот не телефонот, не ми ѕвони со рингтон ниту ми се појавува било што на екранот, само кога ќе го вклучам глеам известување missed alarm, а притоа не дава никаков сигнал. Многу ме нервира вака , како може алармот да не функционира како што треба? Прочепкав во поставките за алармот што се да не е исклучено нешто но не, се е ок, а пак не сака? Чаре?
Види во sounds звукот за аларм дали ти е пуштен.Или ако ти е пример на don’t disturb mode телефонот.Тогаш се гаси самиот
Еeе фала многу, да до тоа било. Иначе не ми беше уклучена do not disturb, само отидов во sound и отштиклирав опцијата allow alarms.
Доколку станува збор за bluetoth слушалки, пасуваат. Доколку станува збор за постар iphone (до iphone 6s), жичените слушалки со 3.5 mm jack директно може да се користат, а кај поновите модели (од iphone 7-до iphone 11) мора да користите 3.5mm jack to lightening adapter (кој го има во кутијата на телефонот)
Имам 11 про макс и сакам да земам џи-би-ел слушалки ама тие големите. Тие идат со кабел гледам ама мислам не пасува за ајфон.
Не постои повеќе во Светот слушалки,што на некој моб не пасуваат,сите пасуваат на секој телефон,21 Век е Век на напредна Технологија,ке си купиш адаптер Тајп Ц,како на сликата зашто сакаш со кабел и немаш никаков проблем.А ако сакаш бежични тогаш немаш потреба од адаптери,и додатна опрема.
Дечки ај малце помош. Имам ајфон и звукот кога ми звонат ми е скоро на најгласното, е сега ама кога ми идат известувања од инстаграм не сакам да ми се толку гласни. Барам цело време каде ја има опцијата, ама ништо не најдов. Слепа ли сум што е работава, или нема такво нешто?
Да го пробав ова, но тука се исклучува скроз звукот, само светнува екранот кога стига нотификација. Јас сакам да го намалам само звукот, ама како што гледам таква опција нема.