Od vcera mi izleguva u telefonot ostetena memoriska karticka i sega kako da gi vratam slikite znae nekoj? Izvinete za latinicata od pc sum vkljucena
Да ја извадиш од телефон па во лаптоп или пц на читач на картици да пробаш со некоја програма за враќање податоци. Пробај прво со recuva; бесплатна па ако ништо не најде тогаш некој платена програма (безпари Ако воопшто не ја препознава преку читач тогаш можно е и скроз да е отидена
За една недела ми поминува договорот, па сакам да го обновам, односно да си го обновам и телефонот,. Ме интересира кој телефон дава убави портрет фотографии?
Од каде ти е договорот? Која претплата, колку ти се доплаќа? Што телефони на избори има, која ти е омилена марка?
Јас денес го нарачав huawei nova 5t, го меркав од кога излезе и не се ни двоумев дали да го земам. Сега едвај чекам да стигне.
е супер, значи вака сакам исклучиво Самсунг, од Вип, и да не е многу скапа доплата, може 200 евра макс 300 ти благодарам на брзиот одговор
Самсунг генерално ставаат нивни сензори и се доста добри. Во буџет телефоните знаат да стават туѓ сензор. Самсунг а51 и а71 ти влегуваат во игра. Сензорите на камера иако различни, по квалитет се прилично исти, Тој во а71 е поголем и со поголема резолуција, ама на крај големината на пикселот е иста и кај двата. А колку се тие 48 и 64мп реални е прашање, вистинската е 4 пати помала, ама финти користат. Камерата кај а71 има нешто поголема бленда, па може во потемно нешто подобри слики да вади. Така да за кој од тие два да се одлучиш нема да згрешиш. .
Небо и земја се разлика сензорите меѓу А51 и А71. А71 го користи новиот 64МП ISOCELL GW1 кој го има Редми Ноте 8 про исто така. Додека А51 го користат сензорот на Сони IMX 682, кој за дневни услови е просечно добар, ама за ноќни услови разочарува. Исто така имаш 64МП vs 48МП кои иако физички не се толку, како што кажа, техниката која се користи се нарекува pixel binning која спојува 4 мп во 1 со што се зголемува квалитетот значајно повеќе и се доловуваат повеќе детали. За бленди да не зборуваме... Сума сумарум, ISOCELL GW1 е супериорен над IMX 682ката. Така да @Marija_Magdalena ако бараш добра камера, немој да одиш со А51. А ако сакаш да заштедиш на пари оди со Редми Ноте 8 Про кој ја има истата камера со А71, а кошта 30% поевтино.
колку што видов А51 го користи S5KGM2 на Самсунг, така да не се некоја разлика сензорите во а51 и а71
Тоа во зависност на кој дел во светот се пласираат телефоните. Различни пазари, различни сензори. Тој е под ознака ISOCELL GM2 кој го користи обичниот Редми Ноте 8, а прв пат беше употребен во Редми Ноте 7, телефон веќе 2 години стар. 12 Мп сензор со pixel binning од 48 Мп, додека GW1 ти е 16 Мп, со pixel binning 64 Мп. GW серијата ти е супериорна и излезе во 2019, додека GM ти е од 2018 и веќе е тој сензор застарен. Е сега тука исто така зависи и каков процесор има уредот и каков софтвер за процесирање се користи за да се испеглаат тие фотки. Пр. Шаоми со ГКам мод вади многу подобри резултати од сток камерата. Еве ти и видео споредба на камери со различните сензори кои ги има следствено во А71 и А51. Како што можеш да видиш разликата е евидентна и воочлива, што доаѓаме до заклучок дека камерата на А71 е супериорна наспрема А51, не делат ништо заедничко на нив и телефонот е класа над другиот како што ти говори и самото име, и цената која ја поседуваат (100 евра поскап).
GM2 и GW1 се објавени во исто време. Иста технологија, само gw1 има поголем сензор и резолуција. секаде каде што видов а51 е gm2 сензор, а а71 gw1 така да во камерата голема разлика меѓу тие два нема
GM2 ти е наследник на GM1 за кој реков дека е од 2018 и го споменав баш НЕГО, а не наследникот негов затоа што се работи за потполно ист сензор кој има мало подобрување како FWC. Затоа и горе ставив видео од imx 586 кој е истиот со imx582 и единствена разлика е снимањето на 4К видеа во 30 фпс vs 90фпс. Пред да тврдиш нешто, треба да дадеш детални аргументи за истото како pictures и video sеmpls за споредба, како и да ја разбираш проблематиката. Ти не ги разбираш ниту двете. Не ни знаеше кои се сензори ги користат телефоните додека не ти ги споменав па зема да гуглаш. Така совети не се даваат. Овде има луѓе што читаат и на база на нашите препораки одлучуваат што да купат.
Не е бре тој сензор во самсунгот. Не знам каде си нашол дека е сони сензор кога не е. Нема што споредба од gm1 и imx586 кога не е imx во a51. и јас прв совет дадов на база на тоа дека во а51 е gm2, а во а71 е gw1 исти сензори само друга големина.
Не знам, јас го ставив во dark mode се ми е црно само фб не. А и софтверот ми се апдејтираше,а на вас?