Здраво, Разгледував телефони, конкретно Huawei Nova 5Т, забележав дека цениве се 50 евра разлика во различни продавници. Нептун пример е 20 999 во Ледиком е 18 500. После видов и за други телефони дека се значително помали цените. Дали некој знае зошто се олку поефтини во Ледиком?
Не плаќаат данок, работат на црно. Додај го данокот и ќе ја добиеш разликата во цената. @anastasijaki Redmi е буџет серијата на Шаоми која работи со многу мали маржи, скоро па непостоечки и затоа тие телефони се најдобри за таа цена што се нудат. Ако сакаш да земеш телефон до 300 евра некаде, највеќе ќе добиеш квалитет и перформанси од оваков телефон.
Ти благодарам. Се мислам помеѓу него, Huawei p40 lite и Samsung galaxy M31? Од овие три кој е најдобар, цената е горе доле тука на сите.
Huawei-то би го тргнал од старт поради немање на плеј стор и гугл апликации. Помеѓу овие двата, Redmi-то е малку побрз, Самсунгот има малку подобра камера. Што повеќе преферираш, тоа одбери. Ја би одел со поевтиниот.
зимај го шаоми не се мисли, побрз од самсунгот, ист камера сензор хуавеи сега само за кинески пазар се, американците ги блокираа од гугл плеј самсунг веќе е прежвакана работа - секој втор овде самсунг има
Немаат ист сензор. 64 mp е на М31 vs 48 mp на Редмито. Плус М31 има и подобра селфи камера. Разгледај семплс онлајн и ќе видиш дека Самсунгот вади поколоритни бои, иако тоа софтверски се решава со ГКам, сепак е боље. Предност му се и Амолед дисплејот и огромната батерија во толкацок мал компактен телефон, дупло помал од Редмито кој е огромен. Ама тоа е премала предност кога ќе ти излезе Самсунгот многу поскап и не вреди да се доплати толку според мене. Што е до мене, јас би одел со постариот модел, Редми Ноте 8 про кој е скоро ист со 9 про, освен козметички измени и различен процесор, ама во перформанси не се приметува тоа. Додека, за чудо, камерата софтверски е многу подобро испеглана на 8 про. И, се разбира цената му е далеку пониска. Сепак, корисникот си ја има конечната одлука, т.е. @anastasijaki која ќе си одлучи што сака повеќе. Наше е да кажеме кој е подобар избор. Тоа дека секој има Самсунг, ама ич не е битно.
note 9 pro побрз, мн побрзо полнење на батерија, инфраред ако корситиш, горила глас 5 напред назад м31, подобар дисплеј, селфи камера подобра, пластика е.
ноте 9 про има 64 сензор истиот како самсунг. ако на некој му е битна камера не треба воопшто да ги гледа овие телефони со ефтин самсунг сензонр. г кам > самсунг камера.
На обичниот не про моделот се префрлив. Сепак, подобри семплс вади Самсунгот со сток камера. Со ГКам ќе го убие Шаомито, ама обичен корисник ниту ќе се замара да инсталира, ниту ќе знае како да подеси. Од 3:50 е компарацијата:
Ме испобунивте сега јас многу,многу, не се разбирам од телефони, битно ми е и на изглед да е личен Моментално имам samsung galaxy s8+ но син ми ми го пукна и предното и задното стакло, промената е многу скапа, па барам некоја солидна, поевтина замена, во случај ако пак ми го пукне
Едниот презаситени бои, другиот исперени бои. Реалноста некаде на средина Земи Шаоми стави му GCam, фабричката апликација изгледа уште им е тапа А за Самсунг тоа му е најголема мана овде, замена на екранот често чини скоро колку телефонот на старо