Се е во зависност од моделот и тоа како ке ти се погоди. Сум имал и самсунг телефони и хуавеи и шиаоми. Од шиаоми имам заклучок дека сепак за нијанса не го нудат тоа што го има по спецификации односно камерата од 13МП кај нив беше многу послаба од онаа на самсунг а исто така знаеше за момент да се ,,подзауми'' т.е. да подзакочи. Сепак во глобала не се воопшто лоши. И Хуавеи успеаа да станат голем бренд во Азија и може не се лоши но јас со мојов П8 имав лошо искуство, му откажа антената за Ви-фи! Моментално сум пак со самсунг и сега засега сум задоволен, без забелешки!
Колку се сигурни мобилариве низ Скопје за купување на телефон? Гледам дека цената им се разликува во споредба со Сетек, Нептун Мислење?
Redmi 9. Скоро е сличен со ноут 9 по перформанси, а Самсунг а21ес е многу под тие карактеристики во споредба. Јас од скоро го имам Редми ноут 9, ама засега скоро и да немам некоја забелешка.
Redmi 9 ти е дупло побрз од а21s, има далеку подобар екран. Камерата е дискутабилна и ствар на вкус, ама објективно Редми 9 е малку боље, со Гкам ќе е уште повеќе. Цената колку им е? Верувам Редми 9 поевтин е. Така да, не му се мисли. До 150 евра мислам дека моментално нема подобар телефон на пазарот. Го прогласија за бест бај. Редми Ноте 9 е малку подобар и според мене не е апгрејт за кој треба да дадеш пари. Подобро иди тогаш на Редми Ноте 9s. Еве ти детално споредба:
Конкретно помеѓу овие два се мислам зошто Note ми е поскап. А инаку да редмито е поевтин од Самсунг. Ама некако гледав споредба и Самсунгот има повеќе меморија 64 за разлика од Redmi има 32. Исто камерата некако голема ми е разликата (48 и 13 MP) и рамот. Не знам некако се мислам. Сите различно ми викаат.
3/32 Рам/Ром е слабата точка на овој телефон, иако има и модел со 4/64 што за мене би било минимум во 2020. Под ова не би земал, пошто знам дека ќе исполнам меморија и со 3 гига РАМ ќе ми лагира. Ама, во случајов со конкретниов модел на Самсунг, А21s ќе имаш далеку поголем проблем од Редми 9 поради мнооогууу послабиот процесор (дупло е послаб) и уште од старт ќе имаш по лаги перформанси како што може да видиш во видеото кога уклучи игра, буквално нема сила процесорот за да вози потешки таскови и захтевни игри. Од друга страна Редми 9 има можност за Микро сд картица ако ти е за повеќе простор. Сега не знам која им е точно цената, ама верувам за цената од самсунгот можеш да го земеш Ноте 9 или Ноте 9s. За камерата, ете повторно види самплс и ќе видиш дека мегапикселите не играат никаква улога. Редмито вадеше повеќе детали со таа 13 мпх и имаше подобра стабилизација, иако и двете камери не се импресивни. Како сакаш врти го, Редми 9 е далеку подобра опција.
Исто, еден месец го имам и сум презадоволна. Иако претходно користев Самсунг и сега се мислев пак за некој од А серија од самсунг, ама генерално Шиаоми имаат пониски цени за подобри перформанси. Плус за Редми ноте 9 ми следуваше некој попуст од вип па го зедов за 6000, а претплатата ми остана иста. Единствено предна камера ми е онака просечна, не е нешто вау. Или можеби така ми се чини кога ќе свртам од задна на предна па ми се губи ефектот, а задната е инаку одлична.
Јас исто го земав пред месец дена, но го користам нешто помалку. За мене клучни се софтверот и перфомансите на поважни хардверски делови, камерата ми е скроз ирелевантна па не можам да ја коментирам кога ја користам ретко и по потреба, но врши добра работа и вади чисти слики. За однос пари-перформанси, Шаоми во моментот на пазарот се меѓу првите. А и брзината е добра,па и повеќе. Не се губи во триаголникот.
Дали некој има искуство со Huawei p40 pro, заинтересирана сум за него, ама прилично е скап за да се залетам, па искуство ако некој има. Благодарам
Со години наназад купувам од Ледиком, слушнав дека има поплаки, ама лично јас досега немав никакви проблеми, со ниту еден уред. Вероватно како ти се погоди.
Да и јас сум слушнала критики за нивните телефони демек многу кочеле и се расипувале. И една другарка си зема тел од таму и сега за сега супер е.
Да. Иако гледам прво претставување Декември 2019 им било, ама од Јануар почнаа во продажба. Исто ќе е и годинава.