Јас од тоа што се разбирам видов дека има разлика во големината на екранот, батеријата и камерата ако не се лажам. Ама не ми беше некоја драстична разлика. Сепак значи А71 е подобра опција?
Уште ова, последен чекор пред финална одлука . Дали имаш искуство ти, или некој друг, со телефони од Mobilex? Или сепак посигурно е од Нептун да го купам?
Исти се. Буквално. Толеранција за гаранциите пак иста е и таму и оваму. Не дај боже да ти се случи нешто, тешко признаваат, иако Нептун демек малку се поблаги. Разликата во цената им е таа затоа што мобилариве не плаќаат ддв. Твое е дали сакаш да платиш повеќе или помалце за истиот продукт.
Поназад читав дека Ледиком и Mobelix продавале копии и искористени телефони, па затоа ме интересираше мислење. Фала ти уште еднаш .
Од лично искуство,и Нептун,Сетек имаат производи кој се користени,ги пакуваат во оргинал пакување и се продаваат како нови.
Јас имам од Мобеликс телефон. Веќе втора година терам, како нов ми е. Башка, цените им се одлични. Мојов кога го купував беше 24 000 ден. во салон. Ваму го земав за 16.000, плус се исценкав за беспари маска и ми спуштија уште 2000 ден. Бизнис невиден. Гаранција имаш една година. А пред некое време и мм зема од таму. На него му е релативно нов, ама сеуште не се жали.
Дали е можно со тек на време да се намали квалитетот на камерата? Имам забележано дека сликите ми се полоши за разлика од порано, конкретно со фокусот е проблемот.
Кој е подобар, iPhone 11 или iPhone 12? Итно сакам да земам нов телефон веќе сите можни производители ги разлистав и сега на iPhone се закачив . Дали вреди да почекам iPhone 12 да го донесат?
И ја треба да си земам телефон сега, па ги гледав, имаат убава промоција според мене со подарокот саат што го даваат од самсунг. Ја мислам дека подобра опција ти е С20 FE, поефтин е, а ги споредував со С20 и разлика е рам-от, иако мене и 6гб ми се сосема ок, камерата и тоа што е пластика а не стакло задна страна.
Кој модел на хуавеј би ми го препорачале (многу ми е важно да има добра камера) а како што знам баш овие ја имаат па затоа се мислам за ваква марка? Самсунг а не знам што број беше со 4 ри камери е пособар од хуавеј или? Ако има некој искуство. Сакам да менувам телефон, но ми е битно да има добра камера.