Епа нели викаш не ти се погодил телефонот и не си задоволна. Јас сум кандидат да ти го купам, иако со месеци си барам телефон за мене и никако да си најдам.
Леле колку сум забегана за жал не ми е за шиткање на претплата ми е земен, додека не го исплатам не го давам. Можеби ќе го подлажам мм да се сменам со него, тој има самсунг с10+, топ телефон.
Да ве прашам да ми препорачате некоја сигурна мобилара што откупува стари телефони и има реални цени за нови??
Општо Самсунг е познат по прејаки црвени тонови, сто години не можат тоа да го средат. Note20 или Note20Ultra го имаш?
Note20. Ултра не ми се вклопуваше во буџетот, а и не беше розов Не сум знаела тоа, за тоновите. Ама ете кај мм, на самсунг 10+ се супер сликите. Нејсе, ја битно се зафркнав
Самсунг секогаш имале високи тонови на боите,поготово на Црвените тонови,неможат со години овој проблем да го наречам да го средат.
С20 серијата не е баш како што треба. Јас мака мачам со фокусот на с20 ултра првиот пат беше ептен крш, демек поправија нешто, ама пак не е тоа тоа. За разлика од него, с10+ има екста камера. Е сега зумот не е истиот, ама како пакет 10+ ми е подобар. Плус што тежи многу помалку
Јас имав искуство со S20+ 5G,и имаше ок камера,али дефинитивно најдобра камера има Galaxy Note 10+ една од најдобрите камери,што ја имам видено од телефон.
Тоа сакав да пишам. Попремиум се и Note9 и Note10+ за разлика од обичниот Note20, ако се постари генерации. Јас се мислам за Note20Ultra ептен ради широкиот агол што го нема на Note9, иначе не мислам дека вреди генерално апдејтот од Note9.
Мојот заден Самсунг беше ј5 и немам приметено за тоновите. Ама забележав нешто,кога праќав слика преку блутот на тој телефон забележав разлика во сликите. Некако појак ефект,ко нереално.
Дали знае некој како можам да префрлам слики на компјутер од телефон со скршен екран значи телефонот се уклучува функционираат копчињата за звук само екранот му е скроз поцрнет
Кога ќе го поврзеш телефонот со компјутерот, би требало да ти излезе моделот на телефонот како иконка. Кога ќе кликнеш на неа, ќе ти се отвори телефонот, интерната меморија, картичката, и се што има на нив. Барај ги сликите и префрли ги кога ќе ги најдеш, едноставно е.
Имам тел Самсунг галакси ј3 2017, ми се појавува ова и све избришав слики, снимки и песни и пак повторно ова дури и вибер не ми отвора... Помош?