Моментално имам А7 2018 и ептен сум задоволен, во декември 2 години со него, затоа повторно прашувам за А серија.
Јас ја одбегнувам таа серија искрено,едноставно за парите што ке ги дадам пример за А71,ке земам Xiaomi за истата цена на А71 кој во зуб секој модел од А серијата ке го стави
Задната камера е одлична, предната не толку Можам да кажам дека ова ми е единствената забелешка за телефонот.
Пак и пак јас.. Пред месец дена бев во Тмобиле и 2 саати окапав за на крај пак без телефон да излезам . Се мислам меѓу Samsung и Apple, ама највисок критериум ми е да има добра предна камера, што мислам дека кај Самсунгот не е баш исполнет. Додуша, ги споредував Samsung galaxy s20 FE и Iphone 11 и предната камера ми се гледаше како слична. Наскоро треба да се одлучам за некој од овие телефони, или евентуално некој друг ако имате да предложите, со добра предна камера
Здраво женски Во опциите на телефонот ако се блокират повиците автоматски се блокират и пораките. Знаете ли дали може да се блокират само повиците од одреден број, а да може да се примат пораки од тој број?
Дефинитивно ајфон 11. Не дека не е добра и кај самсунг, но ако би избрала јас ќе изберам ајфон, цел живот бев со самсунг, ама еве година сум со ајфон и не мислам да сменам. Камерата ти е професионална, секоја црта од лицето прикажана.
Сакам да ве прашам ако некој знае да ми кажи.. Пред неколку години не се сеќавам колку поени имав и зедовме телефон преку поени Дали знае колку треба поени да има за да се земи телефон бесплатно? (т-мобиле) ако се уште постои каталог
Здраво на сите. Гледам дека ве има доста дечки што се разбирате од темава, па ќе ве замолам да ми помогнете. Бев решена да земам Samsung A71, ама буквално ноќ пред да појдам, прочитав малку по форуми и низ youtube, дека мнооогу го фалат Xiaomi Redmi Note 9 Pro Max. Акцентот ми е пред се на квалитетни фотографии и камера. Е сега, малку ми е дилема дали Xiaomi го форсираат кинезите кои ги прават рецензиите на youtube или навистина за Samsung го плаќаме името на брендот хаха. Би ви била многу благодарна ако може да ми ги споредите во таа смисла.
Фала ти. А што мислиш за Samsung A71, вади добри фотографии, на пример за портрети со фокус и се тоа, или немаш информација?
Веројатно од А1, имам некои попусти поради продолжувања на договор. Samsung A71 ми се фаќа околу 20000 денари.
Брендот и рекламата ја плаќате. Бар за А серијата која нуди многу малку за парите. Не знам од каде ќе го земеш, ама пошто рече ти е битна камерата, Mi Note 10 ти е 24к и е најдобар телефон за камера. Ја користи истата како Galaxy S20. До кај некои си 300 евра го имаш Ми Ноте 10 lite и Mi 10 lite 5G кој има подобар чипсет од него, ама камерата малку страда. Како и да е, за тие пари ако сакаш одлична камера многу подобро ќе си поминеш дури со постар самсунг/епл флегшип него ли со А71. Едит: Видов си навела А1. Види ако има некој од овие телефони на залиха, оди со него, ако не, кажи кои ти се другите опции до цената, ќе помогнеме со изборот иако е лимитиран.
Фала ти многу на опширниот одговор. А може ли да ми кажеш колку вистина има во тоа дека телефоните од Xiaomi просечно траеле од 1.5 до 2 години? Тоа го читав на разни форуми, ма да сум свесна за обостраните пропаганди кои се прават од сите страни.
мн слаб избор имаат, земи редми ноте 9 про, тука негде се камерите и чипсетот, има поквалтитено стакло, подобра батерија, и доста поефтин како што видов.
Да, од Xiaomi ги имаат само моделите со 9 што се, некои 3-4 модела. Во Нептун гледам го има 10 lite моделот...
Да, разликата во цена, со се попуст ќе ми дојде 10000 денари помалку. Затоа сакав да се консултирам, да видам дали и колку ми е исплатливо. Би сакала за сума до 20.000 денари да го земам телефонот кој има најквалитетна камера.
Со Xiaomi сум уште од времето кога не беа популарни кај нас и тек почнаа да ги носат на МК пазар оние од Хи, па после почнаа Сет, Нептун, Анхоч... Јас го земав од Алиекспрес тогаш. Се работи за Редми Ноте 4х. Телефон 3-4 години стар. Ене уште татко ми го користи, и работи како прв ден да е купен. Батеријата, пошто е мал, ти се верува или не трае повеќе од мојот нов (Редми Ноте 8 про). Го полни еднаш на 3 дена. Ова е од периодот кога Самсунг ја имаше Ј серијата, поточно Ј3, оние првите генерации. Го имаше сестра ми, после 1 година и падна во вода, па го замени за Ј5, овој и се расипа после нецела година. Зет ми имаше Ј3 ама 2017 верзијата. После 2 години батеријата толку изгуби од капацитетот што го полнеше два пати на ден. Сега користи Шаоми. Ј3 2016 имаше рекордни 1.5 ГБ РАМ и 8ГБ РОМ, што денес не можеш ниту фб да отвориш, мојот Шаоми има 3/32 и е сосема солиден телефон во 2020. Имам и претходно зборено на темава дека телефоните од А серијата на Самсунг го немаат истиот квалитет во изработката како S серија и подобро е да се избегнуваат. Од друга страна Шаоми користи стратегија за никакво рекламирање и со маргини на заработка под 5% на својата Редми серија. Од таму нуди одлични перформанси за многу мали пари и буквално нема подобар избор од нив за телефон до кај 300-400 евра. BTW А71 е подобар во камера од Redmi Note 9 pro ама не е нешто многу подобар за да биде дупло поскап. Од него па подобри се Mi Note 10 lite и Mi 10 lite 5G што ги нема во А1. Би те советувал да почекаш сега до Нова година каде имаат секогаш одлична понуда.