Да кажеме со мојот буџет неможам да си дозволам 12.Би сакал 11ка бидејќи има пониска цена и има се што ми треба(нема потреба да давам повеќе пари за телефон што нема да го користам за работа) , затоа прашав дали да купам експонат или сосема нов. Благодарам на сите за одговорите и ќе се размислам ако можам да присоберам уште ќе земам нов, во друг случај ако можам да отидам до Скопје каде што е мобиларата и да го проверам ќе земам експонат. Како што знам кај експонатите battery health е со сигурност помала од 100% а тоа проблем за мене.
Јас имам самсунг ноте 8 препрепрееезадоволна сум , батетијата откажа дека ја полнев уклучи искулу , ќе дојде до 60 посто и во струја а не да дојде до 10посто па да оди до 100, плус во кола нон стоп уклучи исклучи. Сменив пред некој ден еве од сабајле од 7 до сега е 46посто. Пдообар тел во живот сум немала. Алал пари нека се на мобиларата
Јас имам Huawei Honor 8X веќе скоро година дена, си го земав од бонусот, а инаку вака тогаш беше 13 000. Јас сум задоволна, и само што го земав му го скршив екранот и платив 2200 само што е предност голема за мене, пошо а купам телефон одма јабана ми иде екранот. Брз е, океј камера има, голем екран, филмови си гледам на него, на форумов пишувам. Е сега, не знам јас дали се трипам ама кога го земав, на почетокот ко камерата да беше со поубав квалитет а сега е малку изгубен.
Дали некој користи Honor 9x lite, да сподели искуство? Најмногу ме интересира каква е камерата. Или па предлог за друг телефон до кај 11-12 илјади. Исто и мислење за Xiaomi Redmi note 9.
Оди подобро со Редми Ноте 8 Про ако го најдеш некаде на залиха, тука некаде му е цената, а е исто добар како Ноте 9 Про моделот. Ако не, гледај барем Ноте 9s да е. Прескокни ја Ноте 9ката. Едит: Сега видов на попуст е во Ледиком, 11 000. Ауу добра понуда е ова. За тие пари не може да се најде ни приближно добро. https://ledikom.mk/telefoni/734/xiaomi-redmi-note-8-pro
@Billy Idol фала ти, треба да го продолжам договорот со А1, па затоа прашав конкретно за овие модели. Некако најдобри ми изгледаа а и цената ми одговата. Го нема во А1 Redmi Note 8 pro.
Ми нудат малку користен iPhone 12 за 700 евра? Дали се исплати за цената да го земам? Работел на сите картички, иначе земен од Т-Мобајл.
Со оглед тоа што 12 е испаднат само 2 месеци ако не се лажам, неможе да биде кој знае колку користен, ја би го земала ако не ти се дава цела цена од 1000 евра за нов. Ако нема гребнатини, стакло да е како што треба, да си се полни како што треба, зимај.
Треба да продолжуваме договор со а1 и имаме бонуси за телефон до 10/11 000 денари. Ги разгледував xiaomi мобилните до таа цена. конкретно xiaomi redmi 9 и xiaomi redmi 9a. Мобилниот конкретно за брат ми треба, и реално не би требало да е нешто многу јак. Задоволителна камера и брзина, и да не се празни батеријата со брзина на светлината. Читав тука дека имате позитивно искуство со оваа марка на мобилни, јас искрено немам појма пошто цел живот сум со самсунг али во последно му се премногу надувани цените и не сум нешто најзадоволна. Секој совет е добредојден.
Даунлоадираш апк фајл по твој избор пошто има многу модови и гледаш само да е за твојот андроид верзија и твојот мобилен. ГКам работи обично на телефони со Снапдрагон процесор. Со Егзинос, Медиатек, Кирин не баш. https://www.celsoazevedo.com/files/android/google-camera/dev-suggested/ Се разбира треба да обозможиш прво во сетингс на телефонот да се инсталираат апликации од трети места. Доколку сакаш да пробаш друг мод потоа, бришеш прво кеш и дата на апп, па ја бришеш неа, потоа даунлоадираш нова верзија и правиш инсталација. Овде е објаснето како да ја инсталираш детално: https://www.celsoazevedo.com/files/android/google-camera/how-to/ Кој мод е најдобар, не можам да ти кажам и треба да експериментираш и пробуваш. Исто така сетинзите во самата апп се доста битни, дали ќе ги подесиш за да сликаш нешто во движење или статична фотка каде ти е битна оштрината, боите и осветлувањето. Најголема придобивка со ГКам има во ноќни услови и статични фотки. Исто така после фоткање, чекаш додека ја процесира, па тек тогаш отвора. Малце е поспора и треба време, малу појќе време. Експериментирај, чепкај во сетинзи, читај за подетални инфо како да ја подесиш по свој вкус и потреба. Физичко или било какво оштетување на телефонот не можеш да направиш, сигурна си од такво нешто. @christinnn Редми 9 е најдобар телефон до 150 евра, далеку подобар од Редми 9а. Одличен е за парите, ќе го служи со години. Земајте го.