Зашто сарказам? Самсунг бесплатно да ми дадат не би земала, имав 3 телефона самсунг ако не се зезне батеријата, кочи сигурно, хуавеи со години имам малце меморијата почна да зеза ама не е пострашно од крш батерија и функции како полжав, споделив искуство од кои телефони јас сум задоволна.
Здраво, се мислам да земам експонат(iphone 11) од мобилариве(Ledikom,Mobilex).Дали има некој искуство со нив и ако може да сподели.
Има некој Samsung Galaxy S20 FE? Како сте задоволни, гледав рецензии дека батеријата не била баш добра...?
nema sporedba tuka definitivno xiaomi e podobar od a71 licno gi imaat dvata moi drugari xiaomito e podobar telefon samsungot e brend ja plajkas reklamata.
Сè уште немам земено, ама пожелно е да земам до крај на месецов. Не ми е тоа голем проблем, и онака многу ги пазам сите телефони. Гледам на 14.01 има Samsung Unpacked Event, ако ја објават новата S серија, веројатно на претходнава цените ќе паднат. А дали можеби знаеш кога ќе ги објават новите пд А серијата? A72, A52?
Дали вреди да се купи iphone 8plus? Гледам сеуште има висока цена, 300-350 евра кошта, иако е застарен модел. A мене приоритет ми е камерата, ајфоните имаат коска камера.
Не баш. За таа цена можеш на старо да земеш С10 или С10+ со подобра камера. Исто така на новиве мидрејџери како A71/Mi Note 10 lite камерите им се сосема солидни, а во други категории се далеку подобри. Мада, овие подобро да не ги купуваш и почекаш да излезе сега новата серија од Самсунг А72. Друга слаба страна во 2021 без која според мене не може, тоа е батеријата, која на овој телефон ќе ти биде многу слаба, па дека и на старо е. Ако веќе истата не ти игра улога, може да земеш Iphone SE 2020, подобра опција ти е од 8-ицата.
Го разгледував и SE, ама многу е малечок, изгледа баш како играчка. Не ми фати некако око. Како и да е, фала ти.
Иначе не знам за каде мислеше дека Iphone 8 е 300 евра, може нов некаде? Другар на старо пред пола година го зема 200 евра. Баш ги тестиравме камерите со мојот (redmi note 8 pro) и во дневни услови ајфонот има подобри бои, ама во ноќни услови е катастрофа камерата споредена со телефон кој беше 250 евра нов минатата година. Многу се напреднати камерите во последниве години и има евидентна разлика.
300 евра за ајфон 8плус на старо. Заборавив да напоменам во првичниот пост. Иначе по мобилари пак се изгор скапи, 400-500евра се. Задната камера е прилично добра на повеќето мобилни, барем од тоа шо сум видела. Мене предната ми е проблем, како шо ги вади чисти сликите ајфонот, мислам ниту една друга марка не му е рамна, па ни самсунг.
Јас последниот телефон го земав од Ледиком и еве 2 ипол години го користам. Досега не се јавиле никакви проблеми. Работата со телефоните од Ледиком е тоа што се наменети за друг пазар како пример Северна Африка/Блиски Исток. Исто знам дека имаат доста телефони што претходно биле експонати во салони.
Како е најдобро да се земе телефон? Во готово само апарат или во на постпејд од А1? Конкретно сум заинтересирана за Samsung A21S. Досега никогаш не сум земала телефон во постпејт затоа не сум баш информирана, секогаш ги земав во готово само уреди од нептун
Во готово, само уред ако земаш, поевтини се Нептун, Анхоч, Сетек од А1. Ама ако веќе си на претплата или планираш да се претплатиш поисплатливо ти е од А1 да го земеш. Види според тарифата што ја имаш на страната на А1 колку ќе те кошта телефонот да го доплатиш. Конкретно А21с е 12500 да го купиш само телефонот од А1, а од нептун е 13000 (11500 со хепи картичка). Ама ако имаш на пр. Нео М претплата од А1 и ти истекува договор или допрва се претплатуваш можеш да го земеш за 7500ден.
Ова е проста математика што се учи до 4то одд, мислам дека секој знае собирање и множење, дакле, ке видиш која цена е месечната тарифа која што ти одговара ја множиш со 24 (јер 24 месеци е договор) и колку треба да доплатиш за избраниот телефон, ке ги собереш тие вредности и добиваш колку вкупно ке те кошта за тие 2 год. Ондак, ке видиш колку е месечна тарифа без телефон исто множиш со 24, ке видиш колку кошта посакуваниот модел во нептун и ги собираш на ист начин како во предходниот случај и ке ја добиеш и другата вредност. И после ги споредуваш која вредност е помала значи таа опција кошта поевтино. или полесно друг да ви сервира све на тацна?
Дали некој има од новите Хуавеи без Гугл? Дали ги има на црно симнати Гугл апликациите и дали му функционираат општо, а и после апдејтување на телефонот?