Кои се негативните страни кај купувањето експонат? Под гаранција е моделот што сакам да го земам, плус разликата во цена е голема, затоа се мислам.
тоа што не знаеш колку време дремел уклучен во некоја продавница. Тие телефони се фактички во употреба 24/7, а со тоа и батеријата и другите делови се веќе користени
Гледам во Ледиком продаваат ајфони неотпакувани а активирани. Како може така притоа доста пониска цена и само 6м гаранција. 11 про по другите мобилари се продава по 50000 Во Ледиком 40000. Не се означени како експонати. Нешто ми е чудно
''неотпакувани'' се продаваат налепници можеш сама да си нарачаш и да ставиш на кутијата и да биде неотпакуван.
Колку сензационалистички наслов. Забранава не е ништо блиску до Хуавеи, туку дека забрануваат американски инвеститори да вложуваат капитал во Шаоми. Ама, вака почнаа и со Хуавеи на почетокот, па потоа почнаа и други, и трети забрани додека не дојде до комплетна блокада. И не, не е ова блокада поради тоа демек некој прекршува некои услови, туку е блокада затоа што кинескиве компании премногу брзо напредуваат и земаат огромни маркети за продажба, а американците не можат да ги следат. Хуавеи, освен што продава производи за конзумеризам, исто така има огромна технологија за сервери, телекомуникации и компании која стана супериорна над Циско, Ериксон и Нокиа. Од друга страна, Шаоми е компанија која продава производи само на обични корисници, па се надевам нема да им засмета толку за да стане новиот Хуавеи. Ти се налути ли Америка, пола свет ти се лути. Но, ова е нож со две острици и порака се повеќе и повеќе овие компании да се децентрализираат и развиваат свои екосистеми независни од Гугл и Америка, што и веќе го прават, па за некоја година ќе се вратат на голема врата. Ова е последниот удар на еден џин кој полека умира.
Време е сите кинески аи останати кои не сакаат да зависат од САД да почнат со свој ОС. Прочитав дека дел од кинеските брендови ќе работат на Harmony OS али ништо нее официјално. Али сепак кога ќе видиш пак си зависен од САД бидеќи сите социјални мрежи се од САД ај можеби сега на Хуавеј некако можи да се инсталира фб/инста пошто сепак софтверот се базира на Андроид али кој знае дали ќе може да се инсталираат на сопствените ОС како Хармони не се знае каква блокада ќе има. Сепак, администрацијата во САД ќе се смени па ќе видиме Бајден каква политика ќе води со Азија додуша и тие не се поарни али ајде сите се надеваат..
Размислувам да купам телефон iPhone 11. Дали е подобро да земам експонат од mobilex? Доколку има некој искуство нека го сподели итно е. Благодарам.
Така ќе ти испадне по ефтино да, ама сепак ново си е ново. Ако ги имаш парите, можеш да си го купиш од istyle, таму нема утка. Имам слушнато многу луѓе кои не се задоволни од експонанти, а има па и што ги фалат. До тебе е како ќе си одлучиш, јас не би. Ако веќе купуваш толку скап телефон, подсобери уште некој денар, и купи си го нов.
128GB е, презадоволна сум од камерата, за батерија не знам баш да ти кажам зашто по цел ден сум на него,се нешто штракам, гледам, па и очекувано е да се потроши побрзо. Од се останато сум задоволна, пред се од изглед,многу ми е убав
Батеријата е искористена но може да се промени . Имам пријател кој има експонат и е задоволен со него.
Здраво дечки! За време на разговор значи кога разговарам со некого, телефонот се исклучува, што може да е?
Здраво Сакам да си земам iphone. Бидејќи буџетот ми е ограничен до 250€, гледав понуди во Мобеликс iphone 7 plus ili iphone 8? Ваше мислење?