Јас го имам телефонот SE 2020, па ќе ти кажам од прва рака. Првин сакав помал телефон, кој има добра камера. Сакав IOS платформата, бидејќи имав одамна еден, па се префрлив на Андроид, кои користев со години, ама таква стабилност на платформата, и после години користење немам приметено кај Андроид. Обично после некоја година почнува да лагира и кочи, додека тој стариот Ајфон уште перфектно работи, баш ко подмачкан. Ќерка ми го користи за игри. Ниту еднаш не требаше да го рестартирам. Се оддлучив за овој, бидејќи нов, другите се сепак постари модели, не знам ни дали имаат веќе да се продаваат нови, само половни, а јас сепак сакав нов телефон. Ценовно исто ми одговараше, мада и ова е многу што сакав да дадам за телефон, ама сакав целосно да се префрлам на ИОС. Камерата е одлична, јас сум многу задоволна. Батеријата е послаба, ама тоа го знаев и пред да го земам. Ама јас не играм игри на него, немам ФБ, од соц.мрежи инстаграм, вибер, тоа што отварам секој ден, пинтерест, нешто на гугл, јутуб ако побарам нешто, прочитам на форумов пример, неколку фотки, ако треба нешто испринтам, и го полнам преку еден ден. Ама ако планираш да не го испушташ од рацете, ќе го пуниш наутро и навечер сигурно. Значи телефонов не е за гледање филмови на него, не е ист доживљај како со екрани без ивици, или да играш игри. или едноставно ако сакаш поголем екран и телефон. Треба да земеш телефон кој ќе одговара на твоите потреби. Конкретно јас знаев што земам и тоа ми одговараше. Ми здосадија цигливе кога ги ставам во џеп од јакна па не можев да седнам да не ги прекршам. Имам мала рака, ми здосади со две раце да го држам за да нешто прочитам, не ретко ни селфи не можев да направам од што ќе ми испаднеше. Затоа велам, зависно што ТИ сакаш и за што го користиш телефонот. Јас што барав тоа го добив и засега сум задоволна. Имам макбук, на него обично сум на нет и читам, или гледам нетфликс, зависно од потреби во иднина размислувам да земам Ајпад, игри играм на плејстејш Едит: за меморија заборавив. Јас го земав оној со 100 и нешто гига , затоа што немаше помал, од 64г во моментов, и не знам дали воопшто некогаш ќе исполнам и пола од тоа, а ќе го сменам телефонов. Не знам колку е точно, ми кажале дека телефоните со андроид платформите побрзо ја зафаќаат меморија отколку ајфоните. Гледајќи го тој стариот ајфон што има 32 гига и се уште служи, овој што го имам е премногу , али нек се најде. И меморијата е зависно од потребите.
Да кажам прво дека вип агентите се големо лајно , големи манипулатори што работаат за проценти бидете внимателни со нив можат да ви подметнат документи и бонусот после ашшшп Туку да не губам живци , на тимобајл сакам да се префрлам , што документи требаат?
Искуства за iPhone 11ka? Планирам да си го купам. Прват би почнала со iOS па ако сакате да споделите мислења
Дали на некој од вас го зезнала батеријата на Самсунг ноте 10+ за неполна година го полнам два пати дневно..
Мило ми е што си решила за ајфон, 11 е врв, ама ако веќе имаш пари не е лошо да земиш и 11 про ако не, нема ни најмалце да згрешиш со 11, одлична камера, перформанси, батерија.
Дали постои опција да се стави забрана за бирање одреден број од мој телефон? Значи јас да не можам да вртам на тој број.
андроид. широк поим ако се префлаш од некој самсунг од 230 евра секако ке е подобро ако се префлаш од флешип, нема да е подобро. иначе се2 Камера слабо Батерија дно Меморија дно Дисплеј слабо Брзина топ Звук ok Дизајн дно
Ќе бидеш задоволна, мојот е про макс со три камери,а 11ка е со две. Секако добиваш многу бенефити за тие пари, од батерија до софтвер. Е сега ако сакаш со три камери како што кажа членката погоре земи 11про. Исто споредба можеш да направиш на сајтот на gsm arena или mojmobilnisvet. На вториот сајт има прецизно објаснето се до детал и не само за ајфон туку и други модели.
@buba4e89 и другите, како да префрлам дата од андроид на иос? Пробав со Move to iOs апликација ама не успева никако :/ не знам кај грешам.
Колку е паметно да се зима сега а51/а71? Стари се веќе година дена, ми е страв дека ќе им падне цената за некој месец затоа што ќе излезе некој нов а и подобар од таа серија. Што мислите вие? Не знам дали да почекам уште малку, не ми треба телефон секако нов сега во моментов, само ме напињаат од вип за да продолжам договор.
И јас чекам А72 или А52, читам дека се очекува да излезат во март Ама не знам дали ќе ги чекам или ќе земам Шаоми Ноте 10Т Про.