Сакам да се префрлам од Android на Ios. Разгледувам за iPhone 12 pro.. ептен се премислувам и заради Samsung Galaxy S21+ мислам дека има поубава камера.. Што мислите?
Здраво. Ќе земам нов тел ефон и се мислам помеѓу Samsung Galaxy A21s и Xiaomi Redmi Note 9. Скоро се исти; иста цена, иста камера. Redmi има 3/64 меморија а другиот 3/32. Исто за нијанса подобра батерија. Оригинално повеќе сакав Samsung дека ќе ми биде полесно со Samsung account и Samsung Cloud (одсекогаш сум користела ваков телефон) ама сега некако се мислам. Некој совет од вас? Па и некоја друга алтернатива.
Зимај Шаомито. Јас имам 10 Т 5г нешто, ми го прати татко ми, го зеде за некои 200 евра намален од 500 и не згрешив. Камера топ, батеријата 24 часа држи, а јас сум постојано на него. Играм игри плус. Самсунг не освен С верзии. А веќе не би зела, не им чинат ни камерите.
И јас си мислам да го земам. Самсунгот би го чекал уште мин. 1 месец, а стварно не ми се чека толку. Шаоми не сум користел и искрено, скептик сум малку, ама после сите изгледани рецензии можда веќе и не. А и еве веројатно ти го имаш Про-то, 500€ е. Батеријата ми е доста битна, овој сега (А7 201 2 пати дневно го полнам, а и полнењето е бавно, освен ако не го исклучам целосно Единствено ме кочи што е 128гб. без опција за мемориска картичка
Не знам дали е про, и јас бев скептик, ќе зимав 21 или 12 ка, ама син ми се вмеша во плановите и мораше поефтина варијанта. И не згрешив. И јас Самсунг, имав А9, го полнев 2 пати, плус се покажа многу лош, тачот особено. Ама овој е 5г генерација и има одлична камера, 128 гб е ама таман е мислам. Не знам, супер е Шаомито. Изненадувачки дури. Јас само Самсунг користев до сега и страв ми беше да сменам, но ете, не згрешив изгледа.
Ако може мал совет од вас, корисниците на Iphone. Се мислам да купам ајфон од физичко лице, кој кажува дека е донесен од Америка и уредот нема гаранција и кутија, а користен е многу кратко. Дали, и како може да знам дали ајфонот е легално купен, и ако не е, дали има можност да го заклучат на icloud ако го купам или имам некоја друга опасност? Никогаш не сум користел Apple уред па стварно не знам како е кај нив за заштита. @buba4e89 , може ти знаеш?
интернационална гаранција има, се активира од првото укључување. провери тука дали му важи уште. https://checkcoverage.apple.com/
Сите се USA верзии,но мора да има гаранција од една година. Тоа може да се провери во settings многу лесно. Инаку немаш операторска гаранција плус уште една година. Инаку подобро е заедно со продавачот да одите во мобилара и да ви објаснат за iCloud.
Јас имам од мобилара на ново земено затоа те прашав , зошто ако е на ново нема icloud и треба ти да си направиш , ако е на старо провери го пред нив