Размислувам помеѓу самсунг галакси с20 и самсунг галакси с21, гледам нема некоја голема разлика меѓу нив
мн чудно за бренд како самсунг камерите им се послаби на пример од хуавеи п2021 сега го зедов хуавето и камерата е одличнаааа
Ми истече договорот во Вип, а и ми треба нов телефон реално мојот е моментално екранот лом. Имам Honor 8x plus и стварно бев презадоволна од него, ама ми пукна екранот и ми падна во шоља, што реално е моја кривица, инаку ќе го користев уште. Е сега барам телефон со јака камера. Сестра ми ми го предложи motorola moto g9 plus ама у вип ми кажаа демек многу бил лош, зошто сум го барала тој. А камерата вака ми изгледа врвна, и не знам дали да барам друг. Други опции би ми биле Honor 9x, Huawei P Smart 2021 или Samsung Galaxy A51. Или евентуално Xiaomi Redmi Note 9 Pro, ама никад немам користено xiaomi. Некој што се разбира или има некој од овие кој би го препорачал?
Samsung Galaxy A52 да видиш, во четвртокот беа презентирани за прв пат Инаку мајка ми има П смарт 2021, телефонот е супер, камерата е многу добра, батерија неа и' држи 3 дена, а се полни за еден час. За парите, одличен телефон
Мене ми се чини дека е доста добар телефон, ама немам најдено време да погледнам и некои рецензии на Јутуб Задутре би требало да ми стигне А72, ќе споделам импресии
Леле многу голема разлика,ќе си пукнам. Ајфонот вади џам слики. Ако тебе не ти се свиѓа не значи дека на некој друг исто нема.
голема разлика е тоа, скоро 1 инч сензор имаат хуавеи, за ултра вајд и зум да не збориме. не викам дека не вади џам слики, ама хуавеи вади подобри. не зборам за свиѓање него факти.
Моментално на Светско ниво,не постои подобар испеглан Софтвер за камера од Ејпл,и по испеглан оперативен Систем Иос.Разликата со другите телефони е,само мега пикселите,но верувај дека тоа повеќе не игра улога,затоа што сите гледаме на телефон слики,на екрани од мах 7 инчи,така да 40-108 мега пиксели се гледаат на големи ерани,монитори од 24 инчи па се до 60 инчни 4к екрани,за да ја осетиш вистинсата пикселажа и деталите на камерите од повеќе од 40 мп.Само да ти напоменам професионалните апарати се мах со 24мп камера,не за џабе е тоа све така направено,не е проблем да стават и 200мп но нема логика.
не е точно, гугл камера има најиспеглан софтвер за камера. за иос може да кажеме дека е најиспеглан оперативен систем, ама фалат битни опции што ги има кај андроид. не зборам за мегапиксели, сензорот е битен, најдобри сензори користат хуавеи.
Се согласувам за google pixel,го имав 2xl на времето,страшен телефон,со страшен сензор на камера,скроз изумив на тие телефони,но за жал во Мк ги нема,во продажба. Не викам дека Хуавеи имаат тапа камера,таман работа,профи камера имаат,но сепак стојам зад камерата на Ајфон дека е страшно добра. А дефинитивно нема подобар оперативен систем до сега никој направено од Иос,страшно колку јако е оптимизиран рам менаџерот.
немаат многу јаки сензори пиксел, нив ги вадеше софтверот што им е најдобар. добра камера има ајфон не викам не, ама истиот проблем како пиксел користат послаби сензори. баш рам менаџментот е многу лош кај ајфон, ги гаси скроз апликациите во позадина и немаш вистински мултитаскинг како кај андроид. https://discussions.apple.com/thread/251139024