Не вреди дискусија за тоа која камера е подобра меѓу Хуавеи, Епл и Самсунг во последно време затоа што сите 3 се одлични камери, и сите 3 де во нешто подобри, а во нешто полоши од конкуренцијата. Детали се во прашање.
Џабе ова. Да ѓи споредиме сликите од ајфон и од другиве телефони секако на ајфон ќе биди подобра сликата, како од апарат ѓи вади.
ја колку телефони имам користено, ти немаш толку пати добиено. еве ти споредба директно, незнам зашто упорно ме цитираш како да сум ти бркнал у супа да не кажам со што, твој да не е апле што се палиш толку?
не ги симнав, скриншат од јутуб споредба е, ама толку многу се разбираш. ај види кој почна прв да цитира. ке се изедете живи што ајфон има послаба камера.
Цел живот користев samsung и сега се префрлив на iphone. Единствена замерка е тоа што морам да се шетам со полначот во рака.
Вие што имате Самсунг модели, дали имате проблеми со апликациите од минатата недела? Знали четвртокот ми се укочија 2 апликации па секоја една по една почна, па направив factory reset. Сега пак ми прави така, а знам и на други луѓе така им прави.
Јас имам Самсунг и само еднаш го имав тој проблем. Прв и последен пат го имав во декември кога не ми се испраќаа пораките на Месинџер и на Инстаграм. Но истото им се има случено и на моите другарки што користат Ајфон, Хуавеи и други марки. Понекогаш и апликациите знаат да паднат што значи дека не секогаш е до телефонот, иако и тој може да биде причина за ова. Добро е што си направила фабрички ресет. Пробај да го рестартираш телефонот или исклучи го целосно, па повторно вклучи го, па види дали повторно ќе ти кочат апликациите .
Фала Камерата е предобра. Сликите се ептен реални, а зумот (30x) одличен. Јас сум многу задоволен. Предната камера е исто така супер. Јас батеријата ја полнам до 80-85%, а го ставам да се полни на 20%. Значи, од 80% до 20% ми трае некој 5- 6 часа screen- time, значи 6 часа користење, а јас имам премногу апликации на телефонов, и Always- On Display. Плус, јас го користам на 90 Hz за да биде побрз екранот и подобро искуство overall, но имаш опција и за 60 Hz со што батеријата ќе трае и подолго. Полнењето е доста брзо, од 20% до 80% за отприлика 50 минути, за мене неосетно брзо се полни Телефонов го чекав 3 месеци и воопшто не ми е жал што толку долго чекав