До сега сум користела само Смасунг телефони, но сега не сум во можност за таков, а ми треба да купам поскоро. Последно користев Самсунг А7 2018. Сега сакам да купам Xiaomi Poco X3 NFC, па би сакала мислење, посебно за камерата. Го гледав и Xiaomi Redmi 9 pro, но предната камера му е послаба.
Го имав XR скоро 2 години, телефонот е врв, мене ми е тука некаден со X, нема да згрешиш да го купиш, сеуште го имаш на Istyle. Камерата топ, батерија и после скоро 2 години користен, ми траеше цел ден, го полнев само навечер, сега го користи дечко ми и е презадоволен. Ти го препорачувам, нема утка
Што мислите за А32? Планирам од ледиком да го земам. Сакав А51 ама гледам дека тука некаде цените им се исти па почнав да размислувам дали А32 да земам.
Jaс би ти препорачала Самсунг или Xiaomi, во зависност од буџетот. На тројца што знам што користат Хуавеј им се појави сенка на екранот, а едниот плус има проблеми и со звукот.
Здраво, ме интересира од каде би можело да се купи екран за самсунг оригинален, без притоа да мора они да ти го сервисират.
Зависи од моделот .. јас би го избрал секој останат бренд пред самсунг (too overrated). последните 2 телефони ми се на хуавеј (P Smart2018 првиот и P20 моментално) и сум презадоволен и од функционалност и од батерија, за камера да не зобруваме (чиста 10ка)
Здраво кој телефон би ми го препорачале до 200евра самсунг или хуавеи. Можмност убава камера. Според мене с серијата на самсунг е најјдобра, но ме интередира ваше мислење и дали некаде можам нов да нјдам самсунг с9 плус?
Се помал и помал е изборот на телефонски брендови во Андроид светот. Кај нас буквално се сведува на борба меѓу два бренда: - Самсунг - Шаоми Хуавеи страшно паднаа и се очекува скроз да исчезнат во наредниов период. Веќе немаат ни залиха на чипови, а и немаат од каде да ги набавуваат поради банот. ЛГ, пропадна. Се повлекоа од мобилната индустрија. Сони, диши на шкрги. Освен некои ентузијастички модели, за одредена целна публика, никаде ги нема. Нокиа после малиот раст што го имаше, тоне, и тоа сигурно. Неатрактивни модели, нула маркетинг и високи цени... Се очекува дека и они ќе згаснат набрзо. Моторола живурка тука и таму, ама слабо некако, искрено, иако понудија некои атрактивни модели годинава. Онеплус влегоа all in во флегшип сегментот, најавуваа огромна соработка со Хаселблад, ама камерите излегоа ужас во пракса. Иако извадија некои мидрејџери, сепак не успеваат да се пробијат на нашиот пазар и сеуште се само за ентузијасти. Обичните корисници и не знаат дека постојат. Оппо не се продаваат кај нас, а којзнае и дали планираат да влегуваат во Источна Европа, во западна им оди добро. Ама го пласираа Реалме буџет брендот кај нас кој иако донесе некои новини, не успеа да се етаблира во сегментот каде владее Шаоми. Виво се очекува наскоро да влезе на нашиот пазар. Па ќе видиме какви уреди ќе понудат. Овака се интересна компанија која нуди некои новости. Асус, Леново, ТЛЦ не успеаа да се наметнат овде. Хонор, кој е сега под индиско власништво најавува камбек, ама после изгубената доверба, којзнае дали ќе се врати, и каков ќе се врати. Ииииии ни останува да бираме измеѓу 100 модели на Шаоми, и 100 модели на Самсунг. Или Епл, на старо, увезен од Германија, баба што го користела. Дуопол.
Samsung galaxy s20 plus Дали има опција на сликите и на една папка албум би сакала да заклучам да не може никој да отвори ако знае некој? Валда ме разбирате што сакам да кажам
Здраво. Дали некој што се разбира во телефони може да ми каже "олед квалитет" се добри за мобилни? Дисплејот ми е расипан на телефонот па во ледиком ми бараат 5000 за оригинал дисплеј додека на друго место ми тражат 3000 со олед квалитет.
Си активирав интернет пакет од 10gb на А1 го уклучив само 2 мин и веќе нема интернет. Дали е до нив или јас сум пртиснала нешто?
Дали има некој роднини или другари од Белград, да ги прашате дали имаа wifi? Една другарка нема интернет скоро неколку дена па се прашува дали е единствена..
Дали е поубаво од Ледиком, Мобеликс или по огласи да земам телефон? Конкретно Iphone x / iphone xr? И дали знаете мобилари што откупуваат користени телефони Samsung, Huawei и Honor?