Земав Самсунг А72 ама ни приближно не држи батерија како на рецензиите. Треба ли да го однесам на сервис од каде што го земав или? За пола саат воопшто не допрен падна 6% батеријата. А моб пред мене го отпаковаа. Не е дека сум земала користен.
Јас имам А72, 100% батерија ми троши од 8 на утро до 18-19 на вечер. Постојано го користам и имам 100 апликации, сериозно. Носи го на сервис, мора да има некој проблем.
Не користам тик ток Се апдејтуваше претходно. Сега само троши батерија Ниш ќе го носам штом така А го земав најмногу поради батеријата. Скроз ме разочара.
Xiaomi Redmi 9 или TCL 20SE или предложете некој друг од средна класа. Од А1 ќе се зема телефонот. @Billy Idol конретен одговор од тебе чекам, ќе ти пишев ама имаш некоја забрана.
Redmi 9-ката земај го. TCL не се погодија телефоните. А и тој е со Снапдрагон 4хх. Преслаба е таа серија за во 2021. Не вреди. Излезе Редми 10, не планираш да го почекаш?
@Billy Idol гледам се разбираш во телефони, што мислиш за ајфон 12 мини? Мене ми се свиѓа што не е гломазен телефон но би сакала да има добра камера...
Иста е камерата со Iphone 12, компактен е, малечок, ама има ужас батерија и затоа беше фејл тој модел и ич не се продава/ше. Сега па ќе излезе и Iphone 13, ќе паднат цените. Јас искрено не би го земал минито. Сакам телефон, а не да седам до штек пола ден.
Били колку е на старо во Мкд 11 pro max 256gb? Дека 13ката ќе ја земам сакам да го продадам овој,па испод 1000 евра не би го дала.
Нема шанси 1000 еур да го продадеш, толку нов беше овде кога падна цената. 650 еур макс ако му земеш. Кога ќе излезе 13ката, и под 600 еур ќе паднат.
Повели и увери се. Само 8 месеци стар, со гаранција од МК, што многу им е битно на луѓето го пишал 650 еур, а ќе го продаде и за помалце. https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4056985 Овие пак другите што се без гаранција од странство донесени дури и за под 600 еур може да се земат. Паѓаат цените и тек ќе паднат кога ќе испадне 13-ката. Сепак се работи за телефон 2 години стар модел веќе.
Чувај го, стварно. Одличен телефон имаш. Може уште една година да се користи без проблем. Здравје 14ка кога ќе излегува ќе мислиш на промена.
Искрено и не седам предолго на тел па не би ми било проблем... А гледам 13ка пак мини ќе има.. Што мислиш колку ќе падне цената на 12ка, 50/100€?