За ајфон 11 мислење? @buba4e89 ти имаше ако не грешам? @ЕденЧлен ти знам дека се разбираш. Сакам тој дека другиве ми се прескапи искрено, ја ни мојов не би го сменила ама откажува веќе, а се навикнав на Ајфон, па овој ми е со најприступачна цена, ми треба за социјални мрежи и ало-чао, не дека ќе ги користам тоа камерите и featuresot кузнае колку
Ионака, Ајфонот од кога излезе не е за ништо друго освен за ало и чао Јас искрено не би ти препорачал да одиш на Ајфон ни 11 ни 12.
Јас го користам две години сега ќе му правам Upgrade. Никогаш не ми закочил, батерија трае по цел ден, за две години 86% ми е намалена од вкупно 100%. Не би знаела за 11ка стриктно мојот е про макс. Задоволна сум, два пати ми падна на плочки само стакло фолијата прсна од страна. Секогаш ставам заштитна фолија никогаш не оставам на голо така. За фб и други работи функционира одлично. За камера вади одлични слики. Се на се презадоволна сум.
Не се сложувам, Ајфон е најдоброто нешто што сум го користила. Претходно имав андроид и не би се вратила.
Зашо? Бубаче исто, а имам изгубено осет како се ракува со Андроид, дај ми Самсунг у рака везе неам шо да праам
Искрено, iPhone, од секогаш бил како една висока класа на ,, Телефон" да речам демек за богатите. А не е во никаква споредба хардверски со некој дупло поефтин телефон. Исто и технолошки, во Ајфонот не гледам никаква новост спрема постарите варијанти. Софтверот буквално, е без некој нови можности. И би можел да го споредам со Symbian на Нокиа Инаку имаш, Андроид Телефони, без разлика на марка, со топ конфигурација! За камера да не правиме муабет.
Зависи која класа на телефон, андроид си имала. Доброто е тоа што кај Андроид имаш избор на конфигурација и избор на марка. А кај ајфон имаш едно исто цело време.
Каков црн Симбиан... Па баш со излегувањето на Ајфон беше падот на Симбиан и Нокиа. Едноставно тој софтвер беше толку катастрофален споредбено со IOS и подоцна со Андроид што не може ниту во иста реченица да ги пишиш. Од друга страна, Iphone е премиум телефон, со премиум софтвер, со премиум искуство. IOS е супер оптимизиран да работи на ајфоните, секогаш е испеглан, без багови, без лагирања, интуитивен, едноставен за употреба и го вади максимум од хардверот на уредот. Добива исто така и многу подолго software support од Андроид. Iphone 6 што е од 2014 уште добива security patches. Баш, софтверот е најдобриот дел кај Ајфон телефоните. Секако, за тој што е навикнат на нив и си сака затворен екосистем. Од друга страна и Андроид си има предности ама тоа е ствар на вкус и кој што преферира. Инаку ајфон 11 е одличен телефон и секако ако го преферира членката пред Андроид уред, нека си го купи, ниту губи, ниту добива споредено со конкуренцијата. Ниту Ајфоните веќе не се толку скапи како што беа претходно, ниту пак Андроид телефоните се супериорни над нив. Тука се, на врвот и двата. Дури, Ајфон има поголем resale value ако сака да го препродаде по година-две. Не треба да се понижува или омаловажува на темава и треба секој да си одбере по своите преференци. Телефони се. А и вие не сте деца на директорите во Епл/Самсунг за да ги браните толку.
Се сложувам со некој работи. Инаку, Ејпл е нормално бренд кој си има сопствен софтвер, темелен врз хардвер кој може да го понуди. И затоа велам дека Ејпл е заостанат во мобилната телефонија уште со 6 ката 11про пример е многу по СПОР во работа со некое андроид телефонче од 8/9000 Инаку андроид е глобална бесплатна верзија која ја користат сите производители на техника. Ама пак затоа секој производител, си го оптимизира Оперативниот систем, врз својот хардвер што го нуди. Затоа ниту еден Андроид нема ист кориснички интерфејс за разлика од Ајфонот.
Што зборуваш? Си користел некогаш Ајфон? Баш за брзината се фати. Па Ајфон баш поради таа оптимизација софтверска е побрз од секој Андроид телефон од истата година. Пр. 11 про макс е побрз од S10 plus, 12 про макс од S20 ultra, 13 pro max од S21 Ultra. И ова ти го кажува корисник на Андроид телефони цел живот.
Исто Ми требаше месец дена да го проучам Ајфонот Некои работи уште не ги знам. За 13 про макс уфф Чекам еве ми рекоа од 4 до 6 недели. Две тури што дојдоа ко алва се дадоа. Инаку овде е ефтино и на рати да земеш преку мобилен оператор. 9€ па нагоре со учевство испаѓа поефтино од ќеш. За Мкд не сакам да зборам, Телеком преценети. Некој треба на земја да ги симне малку.
Довчерашен корисник на iPhone 13pro max како 2ор телефон. И искрено 1000 пати пишман се сторив што го купив, заради тоа што останав изменаден од големото ништо што го има Ајфонот во новата генерација
Кога излезе телефонот, кога стигна ти да го купиш и да го користиш толку долго време за да видиш дека не чини? Побрз си од светлината. Инаку се согласувам со луѓето погоре. Претходно користев Андроид, искрено му нема споредба. Никогаш не би се вратила на Андроид.
Нема врска, тоа од кога и како. Ама ако има потреба еве ке кажам. Го зедов од Канада За многу посолидна цена него ли кај нас што е. Инаку, ако сакаш да ти донесам и тебе?
Дали некој/а има купувано од Косово Ајфон?Ама оригинал и неверлок да е. Да споделите искуство, и со цени како е у споредба со тие кај нас.
Која мобилара во Скопје нуди услуга да ги извади сите слики и видеа од Андроид телефон (мислам дека за Самсунг се работи), да направи ресет, да избрише вируси и повторно сите слики и видеа да ги врати назад. Конкретно на човекот кој има проблем со телефонот му кажале дека му е полн со вируси. Само не ми кажувајте- сите мобилари, затоа што прашувал во неколку и не се нафатиле Фала