Аа ако имаш од тие хуавеи, не би знаела да ти помогнам. Ама и таму па мора да постои нешто такво каде се архивираат сите слики
Единствено не ми е свиѓа дизајнот на 13, па затоа го одбирам 11. А за перформанси, Apple never disappoints.
Тежок е и голем. Со две раце се фаќа. Како плочеста кутија,меѓутоа камерите се подобри од 11ка. Со здравје да си го служиш.
Оди во поставки има едно идентитет на HUAWEI ќе се најавиш на истото што си била најавна и има едно cloud таму ти се сликите.
Искуство со Samsung Galaxy S20+ или Samsung Galaxy S 20 Fe, или било кој друг Samsung Galaxy со добри перформанси?
S20 FE Snapdragon го имам сега, а претходно и Exynos верзијата. Одличен телефон е за цената. Главната камера е иста како и на S20, амолед екранот како на S10. Батеријата на моделот со Егзиносот знаеше да се троши побрзо, и да падне неколку проценти дури и во мирување. Читав дека средиле софтверски, ама не знам како е сега. На Снапдрагон верзијата најголемиот бенифит го има токму во оптимизираноста на батеријата која осетно трае поодолго. Единствено можам да се пожалам на дизајнот кој не изгледа толку премиум затоа што е пластичен. Но, освен тоа е одличен телефон и подобар од конкуренцијата.
Фала ти за одговорот. Моментално имам Samsung Galaxy S8+, ми падна и ми се скрши екранот. Да не паѓаа стакленца од него не би го менала зашто и после 2 години работи беспрекорно. Сега веќе кога морам нов да купам би сакала некој подобар без разлика на цена.
Ако одиш веќе на S20 FE, моја препорака е да го земиш тој со Снапдрагон верзијата. Ако не ти се даваат веќе толку пари, наместо тој со Еxynos, види го и A52S (snapdragon верзија) кој е сосема солиден телефон и иако е малку послаб од FE во перформанси, за цена од околу 300 еур е одличен телефон кој може да се купи, моментално по мене бест бај. Ако ти се даваат повеќе пари S20+ e исто топ телефон и нема да видиш кратење во материјали или во некои делови како на пр. широкоаголна камера, динамик наспроти супер амолед како кај FE. Цената си кажува се кој е премиум уред. Една работа која ја има како предност FE во однос на S20+ е побрзата меморија UFS 3.1 наспрема 3.0. Па ќе биде малку побрз.
Сакам да земам Samsung S20 Ultra, но на нет ми дава и Samsung S20 Ultra 5G. Сакам да прашам која е разликата меѓу овие телефони. И ако може исто така да ми кажете кој е подобар односно споредба со ултрата vs. Iphone 11 pro max.
Разликата е само во network модемот, каде овој има понапреден за 5G интернет поддршка и е подобар. Помеѓу 11 про макс, разликите се во зависност од тоа кој што преферира. Еве детално кој во што е подобар.