Тотално сум разочарана од Самсунг с20 ултра, се надевам нема и други ко мене да се зезнат. Едвај чекам да излезе новиот за да го сменам. Единствено што му вреди е јакиот зум. С10 плус е сто пати подобар, екстра камера, полесен, екстра телефонче.
Дали ќе може да ми помогне некој имам проблем со тел.При префрлање на мемориска картичка од еден тел на друг не знам како но избришани се сите фотографии,ги нема ниту на сд ниту на телефоните.Што треба да направам,како да ги вратам сликите.
https://www.gsmarena.com/xiaomi_redmi_note_11_pro_5g-11333.php уште го нема кај нас ама би требало до крај на месецов
Баш се мислев за S20 Ultra Зошто си разочарана поточно кои се негативностите на телефонот? Гледам има и s21 ultra па не ми игра некоја улога се мислам меѓу овие два.
Како прво, голем и тежок е. Второ, камерата му е крш. Не фокусира убаво, или фокусира само еден дел од сликата. Џабе пуштаа апдејти, пак не ја бива. За разлика од него, с10 плус е екстра за слики. Ама кога зумираш над 4 пати е екстра сликата. Што знам. Оцена од мене, 6/10 За тие пари ќе земев ајфон, ама касно ми е, си поминаа 2 години и ми истече договорот
А за S21 ultra вака според твое мислење е подобар од 20ката. Од овие два ми е во план да земам, ама еве баш ме замисле за 20ка ултра.
Мислам дека е подобар с21. Пишуваше дека ги поправиле недостатоците на 20ката, а не се малку. Плус с20 е веќе 2 години стар. Поскоро би зела гугл пиксел 6 /про за парите, отколку модел стар 2 години
Во март може да си го обновам договорот и сакам да земам нов телефон. Најважно ми е предната камера да е добра, па го гледав samsung galaxy a52s 5g, дали некој од вас го користи, дали сте задоволни? Можеби друг предлог со цена приближна на него?
Има некој искуство со купување телефон од Mobelix? Од каде ги увезуваат производите, колку се квалитетни и дали и таму тера криминалот со даночна евазија како во Ледиком? Ме интересира најмногу за Apple телефони.