Па максимален буџет ми е отприлика колку што е 11 lite. Инаку тоа за стабилизација не ми значи баш, најбитно ми е да изгледаат "природни" сликите и видеата, онака јасни и реалистични, плус убаво доловени бои. И меморија секако, ама гледам сите овие имаат отприлика иста што мислам дека е доволна.
https://www.indiatoday.in/technolog...rison-best-under-rs-25-000-1820636-2021-06-29 Еве ова може да ти даде најдобар поглед какви се камерите. Подобра е на Редми Ноте 10 Про, но подобра репродукција на бои има на Ми 11 лајт. Инаку боите се нешто што подоцна во Лајтрум, Снепсид може да се поправат, но квалитетот не може да се подобри. Оверал најдобар по мене е Ми 11 лајт 5Г од Шаомиве. Иста е камерата, но малку подобар процесор. И на Ми серијата изработката е подобра. Изгледаат по премиум наспрема Редми кој е со пластична рамка. Сепак, ако ти влегува во буџет оди на А52S. Најдобар избор е за камера, процесор и overall за тие пари до 300 еур.
Здраво, треба да купам телефон ама битно ми е во телефонот да можам да инсталирам апликација со компас. Па ме интересира кои телефони овозможуваат да се користи компас на телефонот? Кои модели?
Сите андроид телефони имаат исто така магнетометар, па и да немаат вградена апликација за компас може да спуштиш од плејстор и да работи без проблем. Шаоми на пример доаѓа со фабричка компас апп.
Се двоумам меѓу Samsung a52s или motorola edge 20. На Шаоми не ми е баш по мерак предната камера, а таа ми е најважна, додека другиве до сега не успеав да ги најдам изложени во салоните во кои бев. Препорака?
Одличен. Јас користев Redmi 9 до пред скоро, презадоволен бев. Сега земав Redmi Note 11. За било кој модел на Xiaomi не се двоумете. Xiaomi има висока репутација во однос цена и квалитет за вложеното и е меѓу првите топ 3 брендови.
Хахаха. Убаво одговорил @quattro . Јас само ќе додадам воопшто да не се мислите помеѓу марки ако се работи за телефон до 300 еур. Секогаш модел на Шаоми ќе биде бест бај и подобар од другите. Тек А52S има предност над сите други модели до 20к денари. А за нагоре е прашање на вкус и има повеќе опции.
Ја шириме кинеската Mi династија, Iphoneto ќе го симнеме полека од 2ро место, ако не воведат америте санкции како со Хуавеј п.с Со здравје да си го служеш Покото, welcome back to Mi Community.
Здраво на сите , дали може некој да ми објасни како оди постапката за земање некоја техника , мобилни , лаптопи на рати ?
Треба да си вработена повеќе од 6 месеци и да зимаш плата преку некоја банка. Секоја од овие продавници соработуваат со некои банки. Се аплицира директно таму (пример во Нептун) и ако ти одобрат ќе земеш. Се зависи од висина на плата,кредитна историја и вредноста на продуктот. За ратите одлучуваш таму.