Мобилни телефони

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Ако може предлог за телефон со најдобра камера до 25.000
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    40.641
    Пол:
    Машки
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stayy W

    Stayy W Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2018
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    887
    Пол:
    Женски
    Некој кој се разбира во телефони , што е разликата помеѓу IPhone 11ka и 12ка ??
     
  4. Smmalliiee

    Smmalliiee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    8
    Искуство со купување нов iphone 13 од Ледиком?
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Manifest

    Manifest Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravoo...mislenje za eksponatite od ledikom???
     
  6. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    ne
     
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    21.440
    Пол:
    Женски
    Јас имам супер искуство со експонат од мобеликс.
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе е во ред да пишам во оваа тема ама бидејќи најчесто се споменува тука Ледиком морам да си го изнесам мислењето.

    Значи телефон Самсунг кој е оригинал купен од Т-мобиле, без предходни дефекти, го носам кај нив на сервис да сменат екран. Го менуваат и по неполни месец два- ми откажува конекторот за полнење.
    Го носам пак кај нив и не само што ми наплаќаат конектор него ми наплаќаат и плус предно стакло кое морало да биде извадено при поправка на конекторот - па така за расипан конектор плаќам и конектор и предно стакло.
    За да по неполн месец мене престане телефонот да ми се полни. Или се полни се прекиди и добивам известување да го проверам конекторот.
    Цела среќа па направив скриншот на известувањето.
    И нели со месец дена гаранција одам кај нив да ми го проверат конекторот затоа што нема ни месец како е сменет.

    И прво одма почнуваат да се бранат дека они не гледаат никаков проблем со конекторот на прва. Им ја покажувам сликата со известувањето што го сликнав и ми викаат ок ќе погледне сервисерот, ама ќе мора да платите за предно стакло затоа што тоа се вади при промена на конектор- прифаќам и ми викаат ќе биде готов за еден ден.

    Телефонот после поминати 8 дена сеуште не ми е направен, кога ќе се јавам ме мафтаат дека имало спој, дека мора да дојде некој поглавен сервисер.. за на крај кога веќе ми пукна филмот и почнав да се расправам сосема 100ти дечко кој не е упатен да ми открие дека телефонот сеуште не бил предаден на сервисер за да го погледне конекторот- и нит извинување нити ништо, само ми рекоа ќе ви се јавиме, ќе го ставиме како итен за поправка.

    Не знам што им прават на телефоните ама ако за еден обичен конектор да сменат прават вакви глупости поради кои остануваш осум дена без телефон, јас во неден случај не би им дала ни 600 денари а не 600- или 900 евра за ајфон или самсунг.

    Купете си телефон од проверено место. Кога и да сме купиле телефон од Т - мобиле јас, мајка ми, брат ми, татко ми, никогаш не сме имале проблем.
    Јас сум човек што не пази телефони - па може да се случи и повеќе од 200 пати да ми плесне на плочки во текот на годината ама никогаш не сум имала проблем со самиот телефон.


    Извинете на подолгиот пост ама толку сум изреволтирана од ледиком, морав да споделам да не се зезне уште некој. Ако не се способни да направат најобичен сервис не ги бива за ништо повеќе тогаш.
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Зошто не го однесе во т-мобиле за сервис? Нели имаш гаранција?
     
  10. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    34.575
    Пол:
    Женски
    Со самото купување, телефонот ти имал гаранција.
    Ако се уште важи имаш право до три пати сервис, а потоа доколку се расипе пак ти следува нов мобилен.
    Ова зборам ако си го однела во т-мобиле на сервис од каде што го имаш купено.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Зошто во Ледиком?
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, не го однесов во т мобиле него во ледиком.
    @buba4e89 @СуперДевојка затоа што како што пишав, ми се скрши екранот - тоа не ја покрива гаранцијата.

    Не беше поентата т мобиле или гаранцијата на мојот пост туку непрофесионалноста на ледиком
     
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Не ја покрива, точно, но кога си тип шо не му се даваат пари по мобилари, ќе си однесеш кај овластен, ќе платиш еднаш поквалитетно и тоа е.
    Плус, јас чисто сумљам дека конекторот откажал ради промената на екранот. Не им е прв твојот самсунг шо го отвориле. Зависи колку е користен, шо тип е, колку му е векот, башка викаш паѓан, едно друго, сѐ придонесува кон откажување на телефонот.
    И да се оградам одма, немам искуство со Ледиком, но имаат мои блиски и тоа баш позитивно.
    Јас имам со искуство со Мобеликс за промена на екран на ајфон, скроз позитивно. Купив нов ајфон од кај нив, исто супер е засега.
    Не спорам дека е вистина само нелогично ми е еден дел менуваш, друг ти се расипува и мобиларата е крива.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Вака јас имав Ј5 не знам која година беше,не се сеќавам. Од нигде никаде ми се појави флека на екранот и се ширеше, за кратко време се обои цел екран. Јас со гаранција пред истек го однесов директно во сервис кај Лептокарија некаде беше тие се партнери со Телеком. Ми го направија и врати ја после 10 дена, мењавале екран.
    Ако го однесов во Телеком немаше да ми го прифатат.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ме разбра воопшто. Ги измеша работите. Каде пишав дека ми откажал телефонот?

    Значи не се работи за тоа дали сум тип што му се даваат пари за сервиси или не. Парите воопшто немаат допирна точка со мојот пост.
    Изреволтирана сум што за таков банален проблем они ме влечат повеќе од недела дена.
    Значи остави екранот, екранот мене ми се скрши кога ми падна телефонот.
    Зборувам за конекторот. Како може да го поправат и за помалку од месец пак да откаже ако толку имаат искуство како што викаш?

    Значи ми откажа конекторот додека ми беше под нивна гаранција. Затоа им го однесов пак кај нив. За да на крај добивам три различни одговори од тројца различни вработени. Еден ми вика дека не можат да најдат дефект. Вториот ми вика има спој и им треба некој постручен сервисер кој во моментот е зафатен а третиот без да има појма што ми кажале овие двајца, ги издаде и ми призна дека телефонот ми бил оставен на страна и никој не го прегледал. Значи ми го заборавиле телефонот цела недела не го земале за поправка. А оваму чекам осум дена за они да ме лажат.
    Ете тоа е проблемот и поентата напостот. Колку се непрофесионални.Сигурна сум дека никогаш веќе нема да отидам повторно.

    И не те разбрав за еден обичен конектор што се менува во секоја мобилара јас треба да одам на овластен и да плаќам "поквалитетно" ? Reаlly? Па не е толку озбилен проблем менување на конектор да морам да одам по овластени сервисери.
     
    Последна измена: 9 април 2022
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Разбирам ама мене ми падна и ми се скрши екранот. За таква физичка штета ниеден сервисер не признава гаранција.
    Твоето само од никаде се појавило. Ништо што ти си го предизвикала.
    Плус мене конекторот ми откажа што се случува често кај денешниве телефони.
    Гаранцијата секако мислам дека ми е истечена ако е само една година
     
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Јас нигде не пишав дека ти откажал телефонот ама ти од нервоза не ни дочитуваш. Олкав реферат напиша кој нема врска со моето. И да, се оди на овластен за сѐ, плати па клати. Ама сакаш поефтино. И сега не чинат, ги искритикува, можда ќе одвратиш еден-двајца од одење таму, а на ледиком за тоа ги чеша левото уво, така да…терај си, во право си.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    еве каде напиша дека ми откажува телефонот.


    Не знам зошто ти смета дали сум напишала цел реферат или две реченици??
    Изнесов свое негативно искуство, мислев дека темава за тоа е предвидена. Дали двајца или ниеден ќе се одвратат од одење таму немам никаква полза јас. Споделив искуство само.
    И ова што го пиша сакаш поевтино врска ти нема со муабетов. Менување на конектор секаде е иста сума 600±200.
    Плус тоа контрадикторна си, викаш евтини се затоа не се квалитетни, јас сум кривата што кај нив сум го однела телефонот, а оваму замеруваш зошто изнесов какви непрофесионалци се, затоа што твои блиски немале проблеми до нив до сега ( како кога нели плати па клати??)

    Тука ја завршувам темата затоа што било каква понатамошна дискусија нема поента ако не зборуваме на иста тема туку се мешаат без врска работи.
     
    На Passenger555, buba4e89 и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Зошто т мобиле има повисока цена за телефонот дури за 10 000???
    Јас нешто денививе баш него го гледав, ма да се двоумев дали самсунг или ајфон да си земам.

    Јас не сум некој на кој му е битен телефонот поради камерата.
    Ретко сликам, само нешто ако имам баш потреба. Ама затоа телефоните ми се нон стоп со преполна меморија. Слики, видеа, книги, свашта нешто. Буквално ми заменува компјутер.
    И затоа постојано ми кочат.

    Бидејќи се разбираш ме интересира да ми кажеш разлика меѓу Ајфон 13, 13 pro, 13 pro max??

    Одма да кажам не се разбирам во спецификации и единствено ми е важно да има доста меморија и да не ми кочи.
     
    Последна измена: 9 април 2022
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам.
    Паметните ми го вратија телефонот во полоша состојба него ли што им го однесов.
    Значи иако однесов исправен телефон, вклучен, со полна батерија ми го дадоа исклучен, без можност да се полни со објаснување дека има дефект кој они не можат да го поправат. Иако првично они ми го поправија конекторот за полнење, сега се оправдаа дека има проблем со матичната.
    Кога побарав на писмено нешто како доказ дека телефонот ми бил кај нив ми рекоа па да го поправивме ќе добиеше гаранција вака пошто не можеме да го направиме не можеме да ти дадеме ништо.
    Значи телефонот ми имаше проблем со полнење- се полнеше со прекиди а сега ми го даваат таков да воопшто не сака да се вклучи.

    Дали некој знае до што може да е?


    Јас не можам да верувам дека оваков сервис воопшто постои и функционира и никој ништо не му може.
    Каде можам да ги пријавам? Или бидејќи се албанци никој ништо не им може затоа што за нив закони не важат???