Секогаш операторите имаат далеку повисока цена ако сакаш да го земеш само уредот од продавниците за мобилни. А доста пониска ако го земеш со пост пејд договор или магента или комбо или такви некои услови. Ајфон 13 е базичната верзија. Има други камери, екран и е димензиски помал. Ајфон 13 Про е најаката верзија од Ајфон со најдобрите камери, екран и е ист по големина со Ајфон 13. Ајфон 13 Про Макс е истиот телефон како 13 Про само е димензиски поголем и има подобра батерија. https://www.gsmarena.com/compare.php3?idPhone1=11102&idPhone2=11103&idPhone3=11089 Ако ти треба повеќе меморија, оди со 256 гб или 512 гб евентуално.
И со пост пејд е 10 000 разлика во споредба со другите. Тоа дека само уредот е секогаш поскап него ли заедно со бројче ми е јасно ама зошто воопшто има толкава разлика со другиве ? Инаку ако добро те сфатив било кој ајфон од овие три да се земе има можност да бираш меморија колку сакаш? И про максот е уствари најдобриот од трите?
Си имаат некоја своја политика за мобилни и Телеком и А1... не знам што им е со цените. Да, да, како сите телефони што може да се бира со поголема меморија, така и Ајфоните може да бираш од 128 гб до 1 тб. Секако, поскапи се така. Про Максот е ист со Про, само поголеми димензии и поголема батерија.
Дали доколку на телефонот е оштетена плочата и не функционира (ми кажаа треба да се смени паднат е), ако ја сменам се од него ке се избрише како скроз на ново или остануваат податоците, фотографии, апликации?
Прво, не ти се исплати да менуваш плоча, скапо е, а и нема да најдеш во Македонија, а второ, да, се се брише. Нов телефон имаш.
Па, F21 FE се споредува повеќе со Iphone 13 кога е во прашање камерата. Додека S20 FE со Iphone 12. Иако би рекол дека разликата помеѓу F21 FE и Iphone 12 е во мала корист на Самсунгот, сепак не е некоја очигледна и повеќе се во прашање вкусови. Од друга страна пак Ајфон 12 кошта многу повеќе. Јас имав S20 FE (exynos и snapdragon), и го споредував со Iphone 11. Беше подобра камерата, посебно во вечерни фотки доаѓаше до израз. Ајфонот повеќе ми се допаѓаше во портрет мод. Еве добри споредби со двата модела, па процени сама:
Еднаш Ајфон, стално Ајфон. Јас не би зела андроид на пример. Не можеш да ги споредуваш на тој начин пошо се различни.
Дали некој знае како на iphone да направам да ми се вртат песните една по друга без да морам сама да ги менувам? Немам посебна апликација за таков плеер. Имам една папка и таму ми ги симнува како да симнувам некакви документи.
Членката бараше мислење за кој телефон да го земе. Ама ако и е прв пат и нема кој да и каже како функционира, нека не го зима ич. Јас се изнамачив и пак не го сфаќам. Еве и совет барав. Ако знаеш и користиш веќе тогаш кажи ми. Тебе веројатно и не те засега зашто си задоволна. Јас бев ептен нервозна и затоа го пишав тоа. Душа ми излезе со телефов дур сфатам као функционира.
Не се сложувам ич. Мене ми требаше месец дена да го научам и сум презадоволна. Ако сакаш ќе го научиш,ако се тегнеш и те мрзи нема. На Music си слушам музика,плаќам претплата 7€ месечно.