Апликацијава е добра што ми ја кажа феминкава само има еден проблем. Не ми ги дава сите песни од пеачите што ги слушам. Само некои шестина песни и после пак ќе морам да менувам. Јас барав некоја апликација што ќе можам да слушам музика додека идам на пат некаде на подолга релација. И јас знам апликации што се плаќаат ама да ми се даваа пари немаше да прашувам. Иначе не дека баш се тегнам да го научам јас сакам да знам се за него.Голема ми беше желбата да земам ајфон. Сега имав прилика и не ја пропуштив. На почетокот мака имав да го отклучам па сега овој проблем.
Ќе може ли некој што така поише се разбира да ми каже мислење на Samsung Galaxy A53 5g? Битно ми е добра камера со добар фокус во близина. И меморија.
Другарка го има, океј е, таа е задоволна. Не кочи, вади добри слики. Солиден. Скоро година дена го користи.
Па, овој A52s ќе добие Андроид 14, што значи 3 години надградба, и уште една потоа сигурно ќе го користи без проблем. Нека не оди на обичната А52, многу голема е разликата помеѓу нив, а малку има разлика во цена. Батерија, одлична. Повеќе ќе и држи од твојот Ајфон.
Тоа зависи од користење, но ако е просечен корисник ден и пол сигурно. Стварно има супер батерија. Нека го зема од каде и е најефтин, сите се исти мобиларите, бар кога се работи за нов, не отворан и да има гаранција. Дури ако го најде на оглас некој таков од овие што го земаат на договори од Телеком/А1 за некои си 250 евра, уште подобро. https://phones.mk/56107/samsung_galaxy_a52s_5g/
@Billy Idol не знаев кај да прашам дали знаеш да ми кажеш страна од пц на симнам музика за на усб за во кола, порано знаев ама не бива таа, сега барам спуштам на пц работат во кола не. Итно ми е Фала унапред
Да, за тој. Јас од овакви страници имам спуштано ако ми треба за помалку песни и си работат одлично: https://vww.mp3juices.icu/ https://www.amoyshare.com/online-free-mp3-finder-6/?v=audioslave&t=youtube Додека за цели албуми користам торенти...
Да се едитирам на последната страна пробав и ми спушти ама спуштив една утре ке одам в кола да ја проверам и ако е океј да спуштам и други. Не сакав од телефонот да спуштам да не си нанесам вируси ама ако морам ќе те прашам да ми кажеш за ајфон 12 про од која страна да спуштам. Или евентуалну галакси с 22. Не знам колку е безбедно телефоните да си ги полнам со спуштање. Затоа од пц. Фала ти ќе пробам утре и со оваа. долг пат кон мк ме чека, претходно 5 песни ми свиреа од 100 А на пц свират
Оваа тема е поактивна па тука ќе прашам. Година ипол имам JBL bluetooth слушалки и до пред некое време се беше најнормално, ги полнев после 5-6 дена сигурно. Сега приметувам дека побрзо се празнат и ги полнам преку еден ден. Ви се десило вакво нешо? Некако многу брзо попуштија со капацитетот .
Совет цел живот сум Самсунг Галакси и кажав не го менам никако, бидејќи ми е супер, последен што го имам е Samsung Галакси S7, но сега Самсунг извадија 1000 модели, Самсун Галакси А, Самсунг Галакси S, Самсунг Галакси Z сега не знам кои се добри. И сега се мислам за ајфон, што ќе кажете? Самсунг или Ајфон? Битно ми е да е добар за слики и меморија, со овој самсунг сега маки мачам за меморија. Конкретно се мислам за Ајфон 11 или 12, а од Самсунг тој што се расклопува Самсунг Галакси Z Flip3 ili Самсун Галакси од тие S20/21?
Да си продолжиш со самсунг зашто не можеш да споредуваш ios со андроид. Не се исти и тешко ќе се навикнеш.