Можеби ќе успеам за брзо да го научам Ајфонот. Но ме интересира вака карактеристиките за слики кој е подобар, кој кочи и дали кочи? Во технички карактеристики итн?
Безбедно е Витаминке, немаш мака. Ова буквално од Јутјуб ти ги конвертира во Мп3 и ти ги даунлоадира. Е сеа споро е за многу песни. Среќен пат. Ајфонот има побрз процесор од Самсунгот и долгорочно може да се очекува дека подобро ќе работи со следните надоградби на IOS, додека Андроид-от знае да успори. Пр. Iphone 7 и Galaxy S7 излегоа во иста година, а денес може да се види дека Iphone-от сеуште добива надградби системски и работи подобро. Од друга страна камерите на Смасунгот во нешто се подобри, во нешто полоши. Исто и IOS наспрема Андроид, нешто е плус, нешто минус. Повеќе се работи за вкус. Долгорочно Ајфон може да е подобра инвестиција, краткорочно, за цената може да се најде подобар Самсунг.
Ќе го научиш. Јас никогаш претходно не користев Ајфон па веќе трета година терам и тоа втор. Сликите се врв,видеата врв. Се на сѐ сум задоволна.
Кај ајфонот нема кочење, нема багови, добива надградби и трае подолго. Вади одлични слики и видеа и не губи на квалитет со тек на време. Јас користам ајфон од ајфон 4 и еве сум на ајфон 12. Еднаш купив самсунг и едвај чекав да те оттарасам. Не би зела андроид никогаш повеќе. Од тој аспект ми беше коментарот. Нормално дека ќе го научиш ајфонот ако сакаш.
На емаил имам ставено број на телефон и кога вклучувам емаил ми стига порака за да влезам. Е сега проблемот е што веќе не го користам тој број и не ми дава да се најавам. Дали има друг начин без тоа да се вклучам?
Ако си преку gmail да пробаш на линков? Не се сеќавам точно како се средуваше ова, ама би требало да успееш, со друга адреса или број.
Дечки препорака за телефон до кај 10к максимум? Сакам да и земам на мајка ми битно ми е да не кочи за користење вибер. Моменталниов ептен и кочи не се ни отвара апликацијата.
Ајде јас па ќе бидам малце досадна ама што да правам не можам баш да се снајдам и дополнителен проблем е што не знам анг Некоја бесплатна апликација за музика за iphone и што ќе трае? Мислам да нема ограничување на месец дена итн. Зашто сакам да ми се вртат песните една по друга. Сега моментално ми ги симнува во некоја папка како документи и морам јас сама да ги менувам. И по можност без wifi да се користи истата апликација. За да може да ми служи и за на пат.
Затоа се подесува и recovery email, за доколку дојде до ваква ситуација да имаш повеќе опции за ресетирање на лозинката. А сега што можеш да направиш е да пробаш повторно да не случајно ти се појави опција да одговараш на прашања поврзани со твојот акаунт, и да имаш можност да внесиш нова лозинка.
Значи јас плаќам за music player со тоа што можам да симнам било која песна да си ја имам во телефон за кога ќе немам интернет. Освен оваа имаш и Spotify апликација ама таму не знам како е.
Епа јас ја симнав Soptify и ја користев некое време. Не функционираше без интернет ама беше топ. И изгледа имало ограничување колку време може да се користи зашто престана да ми функционира. Почна само рефрените да се пуштаат. Немав што да правам и ја избришав. Вчера се мачев и барав видеа на јутјуб и симнав неколку. Ама џабе се. Јас не сум купила никогаш апликација. Како иде тоа? Скапо е?
Ја имаш во телефон music се вика само треба да направиш subscription. Е сега цените варираат од земја до земја. За Мкд може е поефтино, јас 7€ месечно давам. Се има, и текст од песни и видеа. Се буквално.
Ми пишува дека е месец дена бесплатана и после се плаќа $5.99 за месец дена. Ајде ќе ја пробам првиов месец да видам каква е. И онака ништо не функционира.
Кога кликнав за да симнам ми го покажа акаунтот. Ваљда нема нешто да ми наплати првиов месец кога е пробно?