Apple Watch нема фолии општо само на екранот да ставиш, ќе си купиш заштитен протектор околу целиот саат. Не се скапи оригиналните околу 1200-1500 ден. За ова зборувам: Спојлер
Има фолии за iwatch веќе имам користено. Го имам ова што го имаш ставено на слика, но не ми се допага (тачот потешко функционира). Сеуште ги чекам протекторите од али, но никако да стасат.. Ти препорачувам да си земеш и ти фолии предобро изгледа.
Здраво, може темата не е за тука, но може некој знае да ми помогне, имам два меилови едниот ми е за на работа а другиот ми е приватен, и сакав да ги имам двата на телефон да ги следам посебно, ама сега ми се споија заедно, ако има некој решение нека каже. Ве молам
Здраво дечки, дали можеби знаете некој шо може да декодира ајфон 13 од германска мрежа? Ледиком и мобеликс не работат тоа.
Прашањево нека биде префрлено кај што му е местото Ми се загина мобилната картичка од А1 и сега што да правам? Ми треба таа бидејки ме бараат на тој број..
Ке одиш во продавницата од каде што си го земала телефонот и ќе им речеш да ти го отворат на сите мрежи. Др опција ти е да купиш (R-SIM-лажњак), се става под картицата и телефонот го кодира и работи на сите мрежи.(јас користев R-SIM околу 1на година и сум презадоволен), се додека не поминаа 3 години од купување на телефонот и сам си се отвори на сите мрежи.Мојот беше купен од уса.
Фала ти многу. Пошто е со договор, ќе прашам дали ке сакаат да го одкодираат пред да истече договорот. Кај може да се купи таа картица?
Имаш на али експрес, али пошто имаш ајфон 13 сигурно скапо ќе кошта,јас купив од човек во мкд (во Битола живее) уредот го прати по карго и инструкции преку вибер ми даде, но имаш и на нивната страна туторијал како да ја ставиш и активираш. Вака излгеда уредот
Здраво! Дали некој тука има искуство со сервисот на Ледиком или Мобеликс? Ја имав прелистано темава, но не најдов нешто специфично за сервисот нивен, само една негативна рецензија за како тоа конекторот за полнење откажал омнак после обичен сервис во Ледиком. Во мој случај станува збор за Ајфон 11ка со малку искршено стакло. Не е ништо страшно и не се познава до толку кога е уклучен екранот, но ме иритира. Не сакам баш да ризикувам за обична линија низ стаклото, но стварно ми е мака да го гледам телефонов. Фала
најдобра опција е ако можеш да најдеш оригинал екран, мислам дека мобиларите ставаат копии, па острината на сликата нема да е како кај оргиналот, а мислам дека и фејс ид нема да работи...Пробај ако може некако со стаклен скрин протектор да го подзаскриеш скршеното
Мене во Мобеликс ми сменија на ајфон 10 ама ставив од најефтиното пошо не ми требаше телефонот, онака го сменав да не ми седи скршено. Ѝ го дадов на мајка ми, супер работеше ама се познава дека е менувано. Јас сум ептен ајфон фан и таков никогаш не би го користела (затоа и зедов друг кога ми пукна). Е сега, таму ми нудеа и поскапи опции кои можда ќе изгледаа подобро ама мене не ми се даваа пари за тоа. Од нивна страна, за парите јас сум задоволна.
Dali nekoj znae zosto nema vibracii koga ima dojdovni povici ili koga e na rezim samo za vibracii? Vo nagoduvanja vo povici mi se ukluceni
Здраво, јас и дечко ми сакаме да земаме телефони сега за брзо и се мислиме да земеме двајцата samsung galaxy a52s. Што мислење имате, добри се?
Во последно време при телефонски повици се прави ехо и дупло се слуша едниот што зборува, дали и кај некој друг е така или знаете ли како да се реши? Нема месец дена како земав нов телефон, мислев до него да не е нешто ама истото и на другар му се дешава.