Купив Redmi Note 10 (128gb rom,4gb ram) и за двете. До сега добро се држат нема поплаки,за понатаму ќе се пожалам или пофалам. Изненадена сум за поволна цена прилично добар модел на телефон .
Здраво, некој што се разбира ако може да објасни Како може Samsung A40 16mp камера купен 2019 да има подобра камера од Samsung A52 купен пред 1 година исто од А1? Сега сакам за земам телефон и не ми е јасно ова со камерава и разлика во сликите. Значи на А40ката сликите се далеку почисти...
Истото го приметив со мојов телефон и телефонот на брат ми. Веројатно поквалитетна серија на телефони беше таа.
Не знам дали си средила до сега, ама можеш да го однесеш во iStyle, таму со сигурност би го декодирале, тие се официјални реселери на Apple.
Здраво, освен istyle има ли друг некој овластен сервис за ајфони? нешто не ми работи звучник или микрофон уствари не знам што не работи ама при повици ништо не слушам воопшто, а со слушалки или на спикер си е океј а ми нема паѓано или натопувано така да не знам што му е а не ми се носи во било каква мобилара а истечена ми е гаранцијата
Сите експонати, секаде, се од сомнително потекло. Или поправани телефони, од 3 различни составен 1, или пак некој што го земале на замена старо за ново, менувале некој дел, матична или нешто... Освен ако не ти покажат потекло за него, а најчесто нема. Ако прашаш ќе ти речат дека се тие, што стоеле по салоните. Дури и да е така. Замисли колку циклуси на батеријата се извртеле за тоа време и колку и е намален капацитетот. Многу подобро е да купиш од приватно лице кое ќе ти каже се за мобилниот, историја, па дури и под гаранција ако е сеуште, отколку експонат без да знаеш што и како е тој телефон.
Јас зедов ајфон 11 експонат од мобеликс и сум пре пре задоволна. Го користам повеќе од пола година и да не го урочам ама супер е, ништо не му фали. Плус го зедов со 100% батерија. Слушав многу мислења како тоа е ризично, не знаеш шо мобилен ќе ти подметнат ама решив да ризикувам и не згрешив.
Ти благодарам за одговорот. И јас го имам истото искуство, но со друга мобилара. Башка ме интересираше и за 11 про, така да ти благодарам многу. И мојот го користам веќе една година точно, но сакам да се подновам.
@Billy Idol што би ми препорачал? Имам субвенција од 21000 од а1, се мислам длаи xiaomi и некој таблет (незз ни дали може така) или самсунгот. Моментално имам xiaomi redmi 8pro, и сум супер задоволна, а претходно и од самсунг си бев задоволна. Битна ми е камера но и перформанси зошто отварам мејлови, креирам документи. Кога "пишував" со Славчо ми го препорачуваше xiaomi 10pro, 11 не? Дали 10ката е подобар од 11ката?
Ако можеш овој Samsung A52S да го земеш за цена која ти одговара, оди со него. Далеку е подобра опција од А53. Ист е случајот и со Редми Ноте 10 про. Далеку е подобар од 11 про. Подобар процесор, многу подобра камера, подобра батерија. Новиве серии се послаби од старите. Поради немање на процесори, користени се послаби процесори, кратено е на квалитет на изработка, на камери итн. итн. Мој предлог по овој редослед: A52S, Redmi Note 10 Pro, Redmi Note 11 pro, A53.
Јас до крај на годинава треба да земам нов телефон . Моментално го користам Samsung Galaxy A21s , и сум презадоволна . Го користам скоро 2 години ( во август точно 2 години ) и одлично работи , батеријата ми држи цел ден ( освен ако играм игри , тогаш половина ден ми трае ) , имам еден куп слики , видеа , од апликации уште тик-ток шо немам и ватсап , преку музика и игри , до слики од стари телефони што ме мрзи да ги префрлам на лаптоп . Од камерите ( 5 на број со предната ) задоволна сум , секако не може да се очекува дека ќе слика како дигитален фотоапарат , но со оглед на тоа што се работи за телефон од некоја , ајде да кажам средна класа , супер е . Во нашиве 2 години интимна врска , еднаш ми забагува само , ама јас бев виновна , признавам . Не го чекав да се вклучи како што треба по рестартирањето . Ќе го пофалам уште и за јачина на самиот телефон . Веќе некое време го користам без заштитната фолија ( се искрши , па ја извадив и никако да ставам нова ) и ми паднал можеби 10 пати директ на екран , на различни површини ( ламинат , плочки итн . ) и ниту гребнатинка нема . * Го нафалив телефонов , како да им умрела циганката што ја фалеше компанијата Самсунг Нејсе , сакам да земам повторно Самсунг , но со ист ( или подобар ) квалитет . Кој од тековните модели е најдобар , или да си почекам до Нова Година , можеби ќе има подобри и поквалитетни модели ? Најважно ми е да има добра камера , да е брз и по можност да има поголема внатрешна меморија , да не мора да купувам дополнително мемориска картичка .
Има ли опција или некоја апликација кога ми пристигнува е-маил да добијам порака/нотификација на телефонот?
Телефонот ми е нов купен пред повеќе од пола месец. Имам заприметено дека иако гласот на медиуми ми е до крај се слуша претивко и морам да го рестартирам за да се врати и да биде гласен како што бил.Еве денес веќе трет пат ми се случува ова. Не знам што е работата, се нервирам.