Имам про макс и мислам дека нема некоја разлика освен во големината. Добиваш кабелче за полнење но не и адаптер и пожелно е да купиш од ејпл адаптер. За слушалки не е морално да се исти. Ставај одма фолија,одма маска затоа што е тежок и лизгав.
Немам искуство со мобилен од Анхоч, ама друго што имам купено било во ред. За Ледиком не знам, за Сетек не е точно.
Па Анхоч и мобилара не е исто и не се користени повеќето е нови откупени од некои што продолжиле договор.
Јас имам од Ледиком, нов зедов, освен ако не ме излажале, веќе втора година тера, ко вчера да е купен. Задоволна сум, може не сум репер, оти не купувам често телефони, досега секогаш од Телеком ги земав, пред две години се решив да земам од Ледиком. Нема разлика со телефониве што сум ги земала од Телеком.
Телефонот ми беше скроз празен и кога го уклучив ми се појави Factory Mode и еве веќе пола саат минимум седи така. Да пробам некако да го угасам или да остаам само да се среди од себе?
Вака ли ти е? Или нешто друго ти се појавува/инсталира? Ако е вака по грешка имаш влезено во фактори мод. Напрај му рибут.
Горе во ќош ми пишува factory mode и нешто модел на телефонот а у средина ми пишува Downloading, Don't turn off target
Се прави некој апдејт. Никако немој да го чепкаш, може да заглави во бут. Сам ќе се рестартира кога ќе заврши.
Ме чуди дека толку долго стои вака. Отприлика колку време е потребно? И што да превземам ако еве пример уште 3 часа стои вака?
Пола саат, па и подолго знае, зависи од интернет и други фактори. Ептен ако заглави, држиш power копче додека не се рестартира комплет и се молиш дека се ќе е океј. Ако не е, ќе му правиш системски factory reset (како на сликата)
Ми се зезна екранот на Самсунгот и го однесов на сервис. Кога ми го вратија се беше избришано. Како да ги вратам сликите?
Ако ги имаш back-up-нато на Samsung Cloud или Google Drive, тогаш само да се логираш треба. Ако не, прости се со сликите.
На Вибер ќе го напишеш неговиот број и ќе го внесеш како нов контакт. Ако ти излезе ете го. Но секако тој може и да нема вибер.