TCL прескокни го. Помеѓу другите два: А23 5Г: Подобар процесор (побрз), малку подобра задна камера (незабележително), подолга андроид поддршка. Редми Ноте 11: Амолед Екран, поубав и помодерен дизајн, подобра изработка (стакло вс пластика), подобра селфи камера, побрзо полнење.
Презадоволен, веќе неколку пати пишав за телефонов дека е одличен. За 2 месеци скоро една година користење, за сега супер.
Тргнав во мобилара ама ме предомислија дека сум корисник на iphone да не го менувам и еве се вратив без телефон и се мислм меѓу овој и ајфон 11ка
и да дополнам,ќерките и двете имаат redmi note 10 супер се во секој поглед,брзо полнење,издржлива батерија,камера топ , меморија ,отпорни при пад АМА ете мене што ми засмета веројатно поради тоа што сум долгогодишен корисник на гризнатото јаболко.
И двата се Made in P.R.C и Ајфон и Шаоми, така да се исто тие Земи си Редми 11 и ќе се увериш во односот цена, добивка и квалитет, добиваш многу за дупло помалце пари од онаа цена на Ајфон. Шаоми е втор најпродаван бренд во светот. Едина разлика е тоа шо Ајфон е на ios а Шаоми e како и сите други на андроид
Да , тоа ми е мисла најмногу… долги години користам iphone , навикната сум на ios а службен имам самсунг , не го можам андроидот…. Ајде некој нека сподели мислење за iphone 11 па да се одлучам Т.е битно ми е да вади убави слики
Не знам зошто воопшто споредуваш Iphone 11 со Redmi Note 11. Ај што се различни класи, туку и различна цена се. Редмито е 200 еур, а Ајфонот на старо е 350 еур. Нов е 500. Секако дека е подобар избор. Е сега ако ти е прашањето дали може да купиш подобар Xiaomi за 500 еур. Можеш. Xiaomi 12T
Топло ти препорачувам да си земеш 11 про макс и имаш загарантирано добри слики. Доколку немаш финансии за про макс 11ката е добар избор но има само две камери. Во секој случај нема споредба со други модели. Стар корисник на 11 про макс сум, кој сега го користи 13 про макс.
Не ги споредувам , само прашав за мислење , искрено , не ни знам колку чинат , маж ми се запна да ми земе нов. Муабетот ни почна за слики, камера, другар ни дојде на гости со шаомито и се пофали дека вади нови слики кои патем ме бендисаа стварно, за разлика од ајфонов кој го имам и реков готово менувам ајфон. Така да отпосле во мобилара кога ме прашаа што користам чивекот ми рече не гледај друго освен iphone и ми го предложи 11ката. @buba4e89 11 про макс гледам е со 3 камери? Ќе ја разгледам и таа опција , не ми го понудија вчера.
Чим плаќа маж ти, одери го убаво и купи си нов Iphone 14 pro max. Шала на страна, оди со 11-ката, по можност Про како што ти препорача Бубаче. Разгледај го и Pixel 6 ако ти влегува во буџет. Неприкосновен е за камера.
Јас никогаш не би дала толку пари за телефон. Вчера се налути што не купив, му викам ај однеси ме на фри шоп да видиш како нема да одберам 5 парфеми
Ајфон да менваш за редми? Земи си го ајфон 11ката, јас го имам веќе една година и супер ми е. Само ако имаш можност земи го 11 про, подобар е од обичната 11ка.
Мислење помеѓу: Xiaomi 11 Lite 5G NE Redmi Note 11 Pro 5G SAMSUNG Galaxy A33 5G SAMSUNG Galaxy A23 5G Евентуално и овие идат во предвид, ама се поскапи за 4.000-5.000 од тие погоре, па само ако вредат за плус тие пари : SAMSUNG Galaxy A53 5G Xiaomi 12 Lite 5G *Најбитна ми е камерата
Мислење за овие два телефони: Redmi Note 11 Samsung Galaxy A32 Најважно ми е да има убава камера и да држи батерија.