Проблемот кај А класа на Самсунг е тоа што се инфериорни во однос на конкуренцијата. Т.е. моделите на Шаоми за таа цена имаат далеку подобри перформанси отколку тие на Самсунг, Хонор итн итн. Цената на екранот воопшто не е битна колку е затоа што никој не го купува телефонот за да го крши. А чим го скршиш, и не вреди да се става нов екран, тој никогаш нема да биде ист. Она што рекол за 6ГБ РАМ и за Амолед екран, и јас се сложувам и треба да е минимум во 2022, ама оваков телефон нема да најдеш под 250/300 еур. И на крај повторно доаѓаме до тоа "колку пари, толку музика". S класа е добра затоа што кошта 1000 еур. И не може некое дигитронче од 100тина еур да се рамни со таков телефон. Затоа најбитно на темава е да се каже буџетот и кои телефони влегуваат во него, па така да се бира кој е најдобра опција да се земе. Ако е низок буџетот, тоа најчесто е Шаоми.
Нема гугл плеј, односно таа марка на телефони не соработува со гугл веќе и малку потешко е за апликации да симнеш.
Немаат проблем ниту Хонор, ниту Шаоми со гугл сервиси. Хуавеи ги нема поради банот од САД. Затоа го "продадоа" Хонор брендот за да не подлежат под истите санкции. Обично Хонор моделите се исти како Хуавеи со мали измени. Но софтверот им е толку полош, што на пример истиот модел, истата камера, кај Хуавеи е далеку подобра од таа на Хонор. Шаоми нема врска со нив, скроз друга компанија се.
Никогаш не слушајте некој од салон тој гледа да ви придаде тоа што не се продава. Под 6гб рам да не се купува и камера без оптичка стабилизација, но пишав јас зошто избрав Самсунг овој пат. За тие пари одлични перформанси. Има се што барав. Хиаоми не начекав модел кој ми одговара за тие пари. Имаше Поко ама не ми се допаѓа од позади. Сакам поелегантна изработка.
Некои не ги ни бива за таа работа.Приметувам по објаснувањата што ги даваат. Јас пред да одберам телефон гледам рецензии на странски јутубери.Детални се.
VO TARIFATA DO 200 EUR. UBEDLIVO VODI XAOMI REDMI NOTE 11 AMOLWD EKRAN SO 90HERCI.PROBLEM 128 GB. SO 4GB.RAM VO 250 EUR. VODI A33 ODLICEN TELEFON.IMA SE ZA EDEN TELEFON.128 GB. DISK 6GB.RAM OIS OPTICKA STABILIZACIJA NA CAMERA IP 67 SERTIFIKAT ZA VODA I PRASINA I DRUGI POVOLNOSTI 3 NADOGRADBI I 4 GODINI SIGURNOST.
Здраво, моментално користам Huawei pro 30lite и сум презадоволна од мобилниот мегутоа полека си откажува може ли според вас кој до следниве модели е подобар да ми препорачате Honor X7,Honor X8 или Honor Magic 4lite ?
Жени Ај помош:Треба да купам мобилен телефон но не знам какви спецификации треба да има? Лицето што ке го користи сака мобилен со добра камера и многу добра меморија.Јас имам Xiaumy и сум презадоволна. Ај ве молам напишете ми какви спецификации да барам и како да ги разбирам спецификациите? Фала однапред.
Ве молам за препорака или од лично искуство што би одбрале: Samsung Galaxy A03 Xiaomi Redmi 10C 4/64 Xiaomi POCO M4 Pro 5G 4/64 Јас досега користев Самсунг а21 и сум генерално задоволна, освен што се борам со меморијата
Шаоми 11 s има добра камера. Нов ми е и се фалам. Сега за сега сум ок за разлика од предходниот. Пишувавме погоре,ми кажаа најмалце 6 гига рам за добро да ме служи. Овој е 6/128 гига. 108 мегапиксели камера. И за цената е топ. Зависи и буџетот колкав е.
За кој да се одлучам самсунг с22 или ајфон 12? Гледам рецензии, пратам се ама пак тешка одлука ми е зошто на претплата ќе ми е не сакам да се покаам. Сакам убава камера и бар над 3 год користење без да имам потреба од нов. Од тоа што го гледам на интернет подобар е самсунгот во се освен камерата. Ваше искуство?