Нема подобра камера за таа цена. A52S е најдобро балансиран телефон, со најдобра камера, и единствен што нуди OIS во тој ранг.
Вака јас бев многу загреана да го земам 14ка про макс. Меѓутоа наидов на многу негативни критики. Ги споредував со мојот 13 про макс во однос на камера и дефинитивно потфрли 14ка. 13ката поубаво ги доловува сликите,боите додека кај другиов ништо. Освен тоа се жалат корисници нешто во врска со тастатурата и бледа линија на екранот што им се појавувала после некое време користење. Така да,јас би ти рекла 13 про макс.
Тоа е така затоа што Епл за прв пат промени сензор на камера. Претходно го користеа истиот сензор од 11-ката. Кога се променува сензорот во подобар, иако на физички тој е подобар, денешните телефони вршат огромно пост - процесирање, т.е. она што го гледаме ние како фотка не е репрезентација на реалноста, туку она што алгоритмот мисли дека ќе биде најубава фотка за окото. Кога се менува нов сензор, треба да се промени и софтверот, т.е. да се направи апдејт на алгоритамот за да може највеќе да се извади со пост - процесирање од самиот сензор. Ама тоа не е така лесно и треба време, труд, и доста твикање и пробување додека не се најде идеалното софтверско решение. Затоа, телефоните со постар сензор вадат некогаш поубави фотографии за око, иако оние со нов сензор се појаки на хартија. Истото се случи и со Гугл Пиксел 6. Претходно Гугл користеше еден ист сензор за сите Пиксел телефони од 2 до 5. Истиот е сега и во Пиксел 6А, кој вади подобри за око фотки од 6-ката. Е веќе кај 7-цата почнаа со подобро твикање, а со апдејти ќе го управат и 6-ката. Исто е и со Ајфон 14 Про, иако кога излезе, сликите не биле подобри од 13 Про, сега веќе после пола година со апдејти ќе го оправат. По некое време ќе вади подобри слики од 13 Про, освен ако не го остават така затоа што ќе излезе 15 Про, и секако, треба корисниците да дадам пара за тој. Конзумеризам. Затоа никогаш не купувајте телефон со нов сензор ако сакате инстант резултати, затоа што сеуште го тестираат и оправаат со апдејти. Долгорочно, ќе биде подобар, ама што фајде.
Телефонот како како телефон е добар за тоа што го нуди од аспект на перфоманси итн.. ако веќе си за Ајфон конкретно супер е. А можеш да погледнеш нешто андроид, Самсунг, Шаоми се супер телефони за вложеното а Ајфонот за истите перфоманси или слични ќе го платиш само поскапо .
Помош зедов Xiaomi Redmi Note 11S 6/128GB и додека го сетирав телефонот контактите од сим ги копирав на џиМејл и веројатно некако сум успеала да ги избришам од сим. Како да ги вратам?? Барав на јуТјуб ама ништо корисно . Патем не можам да се навикнам на телефонов никако,до сега бев iPhone корисник
Во контакти ќе отидеш и во горниот десен ќош до трите вертикални точки како линии ќе притиснеш и ќе одбериш фолдер каде ти се зачувани, мејл, сим итн.. Мене пример на профилот од мејлот ми се. Или пак најдолу ќе отидеш во contacts app settings и долу ќе одбериш default acount for new contacts за да одбериш каде да ти ги зачувува.
Ај помош малку несакаст да ми се испраќаат пораките преку смс рестсртирав и мрежни поставки цел телефон сите поставки ги рестерстирав и пак несака not delivered ми пишува некој совет дс ми даде како да ми испрат се работи за ејпл 12 про макс
@Billy Idol Може ли да ми препорачаш некој најевтин таблет што ќе биде солиден онака за скролање по социјални мрежи и портали за повозрасна личност
mislenje za iphone 11 pro 64gb ili iphone 12ka 64 gb? se dvoumam dali eksponat od mobelix e dobar?i iskustva ili nekoe dr mesto preporaka? ili eventualno preporaka za drug telefon
Дали го имаш телефонот, како си задоволна (најмногу ме интересира камерата) и дали навистина се продава без полнач?
Најефтино што бар малку може да функционира е ова: https://www.neptun.mk/categories/TABLETI/LENOVO-TAB-M7--TB-7305F- Сметај, ќе биде полош од секој мобилен во тој ценовен ранг. Се поевтино од ова не гледај. Можеби на старо е подобра опција.
Ги гледам попусти е во Сетек периодов, препорака за добар телефон, околу 20.000 да е? Важно ми е да држи батерија, не е лошо да има саглам камера и да не успорува многу оти сегашниов на живци веќе ми оди.
Ajde pomos koj se razbira podobro, sum korisnik na samsumg so godini i sega imam sansa da zemam a33 5g, a 32 5g ili a 52s 5g? Koj e najdobar? Vazna mi e batrijata, memorijata i kamerata.(kje bide za sekojdnevno koristenje nisto posebno)