Здраво. Дали некој има инфо кога би пристигнале кај нас новите s23 модели? Се разбира со правење на pre-order.
Можеш да си заштедиш 50-100 евра и да си земеш 13ка, скроз се исти (со минимални системски разлики кои нема ни да ги забележиш). Иначе топ се
Не ми стигаат пораките на месинџер. Кога ќе ја отворам апликацијата пораката е стигната, а како нотификација не ми стига. Како можам да го оправам?
Мислам дека мојот дечко има друга сим картичка ако знаете дали има начин како може да се открие online или на некој број за контакт инфо. Ве молам да ми помогнете ИТНО Е
Дечки знае ли некој дали е возможно некако да ми се прислушкува телефонот? И дали може да се слуша она што се зборува околу мобилниот телефон, ако ме разбравтр што прашувам... Може ли некако да го проверам тоа?
Има ли некој од вас тука да продава iphone 11,12,pro/max ? Ако да пишете ми во порака заинтерсиран сум за купување
Премногу скап и не конкурентен. Нема некоја огромна разлика со А53, а тој модел не беше најдобар избор. Од Самсунг, во тој ценовен ранг сеуште е најдобар А52Ѕ
Може некој да ми каже зошто телефоните во Нептун/Сетек се енормно поскапи од Мобеликс/Ледиком? Конкретно ме интересира за iphone оригиналите не експонатите.. Ми нема логика некако да се 10,000 ден разлика..
Затоа што од Нептун купуваш нов неотпакуван и не користен, а ваму користен или експонант. И фали нешто.
Додај го данокот од 18% и ќе видиш дека цената е иста. Од другата страна на Вардар не важат закони. Ама побарај им фискална, исто ќе ти го наплатат.
Спореди А1 со Нептун/Сетек, па после со Мобеликс/Ледиком Поскап е само телефон од А1 спрема Нептун/Сетек. Инаку телефоните се виа Косово, некои модели и не се за европски пазар. Јас од Мобеликс или Ледиком пред 3 години зедов Самсунг М31, од Индија, за Индија. Телефонот беше неотпакуван, немаше маани. Инаку таков модел немаше во Нептун/Сетек па дури и во мобилниве оператори. Три години го користев до вчера и го продадов. Добра батерија, камера, карактеристики АМЦ пример продаваше самсунзи наменети за ОАЕ Купив самсунг и имаше фабрички апликации за куран и молитви Не фали ништо. Си имаат наведено дека е експонат. Башка за телефон се оди во продавницата, не по карго. Инаку не добиваш фискална, дека се држава во држава Нема данок Башка добар дел од експанзијата на ајфони во државава се експонати или second hand од мобилариве И неотпакуван телефон денес е мачка во вреќа Нов само од продавница. Било која, било од продавница од мобилниве оператори, било од Сетек/Нептун па дури и Мобеликс/Ледиком. А ако веќе земаш, провери го моделот. Зашто има различни карактеристики зависно од пазарот (РАМ/РОМ/Камера).
Фала ти на деталниот одговор. Што ми предлагаш тогаш за нов ајфон да го земам од Ледиком/Мобеликс или Нептун/Сетек? Како е посигурно? (досега само од Нептун сум купувала но не ајфон, и немале проблем)