Проба со power buttnon+volume down копчињата? По дифолт е така. Ако не е, влези во менито, неам сеа самсунг за да ти кажам точно, можеби ти е активно да поминеш со дланка преку цел екран
Денес го купив новиот А54, и немаше полнач затоа се изненадив, претходно имам користено А32 и имаше, па се зачудив од кога престанале во А серија да не ставаат полначи.
Da da ne odi veke od a3x serija nego kako si zadovolna od telefonot vo odnos sliki brzina i dali ima opcija always on displey nemozam nikkao da se odlucaj koj da si go zemam i ili otkako odlucam vo telekom koga ke otidam da prodolzam dogovor ustiot go nema i taka
Камера топ, плус и предната е добра за селфи 32мп, ми се свиѓа кај самсунзи што скоро секој модел има добра предна. Заднава да не претерам ама би ја споредила со тие од Ѕ серија, ги има истите ефекти slow motion, одличен фокус при портрет моуд, сликите имаат убава острина и живи топли бои. Рам 8 гига лета засега, уште го немам разработено средувам апликации и бекап, ќе видиме понатаму. Ако мислиш на апликацијава ја има да.
Инаку од телеком можно е да ги имаат раздадено новиве (А34, А54) ама ако не најдеш почекај недела две, додека добијат нови залихи. Пошто секогаш кога ќе излезе нов модел имаат малку на почеток, одма ги продаваат и после нарчуваат повеќе.
Дали вреди да се купи нов телефон од мобилариве каде што се 6-7 000 поевтини од Анхоч/А1/Телеком? Дали има некоја разлика или се истите телефони?
На почеток ќе бидат ок, ама посче неколку месеци ќе почнат да блокираат, да кочат, да се гасат итн. Така да, наместо 6000 подобро почекај, собери барем 11.000 и земи било каков модел на Самсунг и ќе го носиш 4 години без проблем. Мојот телефон е стар повеќе од 4 години и работи перфектно. За 4 години ќе смениш 6 телефони од поефтините. Не се исплаќа.
Штом ги поврзеш со компјутер/телефон преку блутут ти покажува колку проценти имаат слушалките (поскапи модели може да имаат и апликација каде пишува колку % се слушалките колку % е самата кутија наполнета) Копчето на кутијата ти е најверојатно за вклучување на слушалките, зависно од моќноста во неа можеш да ги полниш слушалките 3-4 пати пред да треба да ја наполниш кутијата. Кутијата се полни како и мобилните, кај моите свети црвена сијаличка додека се полни, штом е наполнета сијаличката се гаси.
Ич не е комплицирано, верувај. Купи ги слушалките, седни дома и разгледај ги и ќе сфатиш дека не се толку комплицирани како што мислиш.
Кој модел и да го имаш пребарај на јутуб секако има објаснување и со неколку користења ќе влезеш во штосот
Мислев на ова-пример во Анхоч ајфон 11ка е 33 000 а во мобилара е 28 000. Ме интересираше дали е сосема истиот квалитет бидејќи ако е се исто реално не вреди да се даваат плус 5-6 000 ://
Зимај го од мобилара и ич не се мисли. Можда е една класа со понизок квалитет, ама ти тоа како корисник воопшто нема да го осетиш. А реално, ниту пак нешто ти значи што телефонот бил класа 1 или 2. Јас постојано купувам телефони од мобилара и немам никаков проблем. Дури миалам дека телефоните кои ги продаваат операторите се класа 3. Како и да е, добиваш.
Вреди да се купи од мобилара, но барај само неотпакувани, така ќе бидеш 100% сугурна дека во телефонот нема ништо чепкано. Исто така имаш опција од ајстајл да си земеш демо ајфон.. Тоа е уред кој што бил изложен во ајстајл за разгледување и е доста помала цена... 100% оргинал, недостаток може да има некоја ситна грепка од што бил користен и battery healt да е намалено... Избегни експонат телефон од мобиларите, никогаш нема да знаеш што делови се менувани иако го кажуваат како експонат.