Додека официјално излезе и не му го знаеме точно името неможеме никако да го нарекуваме, насекаде низ светот се зборува за ајфон 5 па зашто јас или ти би зборувале за ајфон LM. Шпекулации има колку сакаш, имиња исто толку. Незнам зашто ова би било неква тема на муабет кога само можеме да вртиме во круг. И да ми речеш ајфон 100 ќе се вика, ниту ќе ти речам дека си грешка ниту дека си во право, од кај би знаела, само може да си претпоставуваме. Неофицијално низ 99% посто од муабетите по форуми, и вестите низ веб порталите се нарекува како 5ка, чисто да се знае за што зборуваме. Тоа со течниот метал е исто една шпекулација, наводно протекле информации од "блиски извори". И ајпадот пред за излезе го нарекувавме 3јка, голема работа И С не е никако ради Сири, С има и во 3гс. Разликата од 4 до 4с не е во "imat pogolema rezolucija i pojaka kamera"
^^ Па тоа ми беше и муабетот, дека само се шпекулира за името. И лани во Октомври пред да излезе 4S се очекуваше 5-ката, па излезе подобрена верзија на 4-ката која се вика официјално 4S. Ми беше муабетот дека и помина редот на 5-ката (таа е всушност 4S), овој iPhone што сега треба да излезе е веќе 6-та генерација на iPhone и со сигурност нема да се вика 5 или било што поврзано со бројот 5 (не ќе се ваљда од Apple.Inc толку глупи ). И уште сто телефони да измислат од Apple се додека нема 5-ка во неговото име, 5-ката уште ќе се чека. Спојлер Значи, мое мислење кое не се однесува на никого погоре. :geek: И 3gs со сигурност нема Siri. Погледнете ја компарацијата подолу. http://www.apple.com/iphone/compare-iphones/
Срцето моее вчера заплива во јегерот ќе се убијам, ми се плаче(( работи нормално, и тачот е океј и се, ама на екранот има кругови и флеки течност, па ако го однесам во вип ќе ми го средат? ќе плаќам нешто? или морам да барам некој сервис??
Денес го видов мобилниот на едно девојче,го расчепкав и навистина ми се допадна.Цело време барам нешто вакво убаво и да не е на тач а да е солидна цена.
Имаше до пред некое време многу убава маска за ајфон во аксесорс и на попуст била 250 денари, ама ептен не квалтетна се покажала,одма се излупила бојата Во мегамобил има убави маски и во мобил шоп ама не се ич ефтини. Ми кажа дека најубави маски и најефитини имало на битпазар некоја продавничка, мобилара незнам што е, невидедно добри маски, и квалитетни а со најефитни цени. Ама глупава не се распарашав ич асално каде се наоаѓа точно. Aко некој знае нека пише.
Jas sega nabrzo treba da go smenam telefonot, i nesakam tac, pa molam za info koja e ovaaa nokia i cena?
Мислење... Дали некоја го има овој мобилен телефон?! Кажете го вашето мислење, дали е добар и отприлика колкава е цената..
Oвој на сликата што го имаш постирано не е истиот од понудата. Тој на сликата е Nokia Asha 200 и е со две сим картички
Овој што ти го постирала феминкава е Nokia Asha 302 и од сите понуди тој ти е најсличен од твојата слика. Инаку не е истиот ако бил 200. Ама не е скап, 9000 денари е само телефон.
Се согласувам со првото,но со тоа дека ајфон е на врвот у вези функционалност,не баш. Android,колку и да е копија на iOS,е многу подобар систем за ракување,единствено нешто што е подобро кај Ајфонот е екранот на допир,ништо повеќе. Да,Ејпл е највредната компанија на пазарот,ама тоа не е заради Ајфонот туку заради Мекинтош компјутерските системи. Самсунг Галакси моделите во последно време видоа многу поголема продажба од Ајфонот,затоа што е ем поевтина варијанта,ем подобра,и Ајфонот тука видоа опасност.
Товли го вадиш од контекст муабетов. Еве користам ios и андроид паралелно, е едно е евидентно односно факт е дека ios е повеќе userfrendly отколку андроид. Поедноставен и побрз, без простор за грешка, додека андроидот е покомлициран, и сплеткан, што доста често се појавува прозорчето за forse close и даље. Друга работа е што неможеш да споредуваш нов телефон и телефон од пред скоро цела година, иако 4s ипак може да му конкурира на галакси, неспорно е да шпекулирам и за новиот iphone кој со душа го чекам. Фан сум apple и мислам дека заслужено си ја држи позицијата лидер на пазарот за мобилна телефонија.
Воопшто не го извадив муабетот од контекст,само ти го кажав моето гледиште за истите нешта што ти ги спомна. Force Close не е грешка во системот,туку проблем со процесорот на телефонот,исто како што на компјутер Error не значи дека е до оперативниот систем. Андроидот сеуште не е доволно прилагоден на телефоните на кои се користи,зошто првичната идеја била да се направи софтвер сличен на iOS-от а сепак различен. Затоа што Самсунг повеќе се надгради хардверски него софтверски. Јас не правев споредба на годините кога се излезени,туку на последните модели на двете фирми. Тоа што си ти фан на Епл е сосема друга работа
Ајфон vs Самунг галакси или Хтц, дебатата е честа и е сосема прашање на вкус според мене. Океј јасно ми е со веќе со тој самсунг галакси , дека имал некои предности во однос на ајфон, можеби незнам, го немам користено, но мислам дека се работи за нијанси кои му се сеедни на обичниот просечниот корисник заради тоа што добива сличен резилтат- смартфон на кои можат да се вршат истите опции на секој од нив! Од женски аспект Галакси с3 е ужасно грд на изглед и е нефункционален од тој аспект што е преголем за телефон и тежи тон. Хтс исто со прелош дизајн и пресотливи телефоно посебно тачот. Самата слика јасно си кажува, и со тоа што и ајфонот е прилично гломазен. Имам ташни помали од телефонот, сериозно ви кажувам За мене тоа е искрено битно, да имам телефон е не цигла. Ако ми треба толку голем екран, ќе си купам таб или ајпад Ајфонот си е супер, измислен телефон преедноставен за ракување и користење, кога мајка ми му го изнајде крајот и тоа за еден ден, тогаш е 10ка чиста. Жалам искрено што порано не сум си купила ајфон, јас сум презадоволна.
абе тие тач телефоните се навистина за никаде...јас сега тач ке му правам поарно нов ке си купам но не ајфон тач туку ваков си купив денеска се подновив...па за ништо не ги бива у последната 1-2 година телефон салмски не можам да завртам... на сите тачот им се расипува е затоа овој пат обичен....и вејке ке разлислам пред нов да си купам на тач сега за сега нека го овој....добар е .....за 5 месеци највише гледаш не работи и 2 000 за тач епа нема поарно нов....
Хипстер, тоа на сликата кој ајфон е? Јас го чекам 5ката да излезе да го купам. Само се надевам ќе дојде наскоро и кај нас, ако не, ќе го купувам преку нет И едно прашање за моето телефонче. Горе лево во ќошот имам една стрелка со агол, значи линија што иде десно па после нагоре и стрелче _I < вака нешто никогаш порано не сум имала такво нешто, знаете ли што би можело да биде?
^iphone 4s е тој модел од десно нели Инаку за 5ката ако излезе и воошто во Октомври, ќе почекаме кај нас да дојде дуре неколку месеци, не го носат одма, барем во Т-мобиле на ново, многу каснат и Ајфонов дури пролетва го донесоа ако не се лажам По мобилариве се наоѓаат солидно зачувани користени по месец два, декодирани средени се. Само им фукаат цени многу нашиве, и претеруваат некогаш. Има ли информација за колку ќе кошта 5чево ако искочи?