Совет кој да се мобилен да се земе, Xiaomi Xiaomi Redmi Note 11S 8/128GB Grey (setec.mk) или Xiaomi Redmi Note 12 6/128GB Ice Blue (setec.mk). Или пак Samsung A33 5G, A34, M33. Сите телефони се до 15000 денари , а најефтино ми Realme 10 и C55 , ама првпат ја слушам маркава .
Xiaomi Redmi Note 12 за 11.980 денари го имаш во Анхоч и за истата цена Samsung A14, можеш да бираш помеѓу овие два. Со 4gb/128gb се двата телефона и со најновиот андроид 13 се, плус овој samsung го има и со помала меморија 4gb/64gb, 10.780 денари е. Останатите телефони на Xiaomi се со постар андроид, а на Samsung се поскапи, плус нема ни избор многу...
Боље земи го Xiaomi Redmi Note 12S 8gb/256gb ако си во можност, скоро па се исти со овој Note 11S.. 108mp задна камера, предната 16mp, плус со најнов андроид е.
https://www.neptun.mk/categories/mobilni_telefoni/HUAWEI-Nova-Y70-4-128GB-Midnight-Black Што велите за телефонов некако примамлив ми е за парите. Имам редми 9А катастрофа од телефон,го видов овај и се мислам,битно ми е да не кочи,редмиво треба 10 секунди да чекаш камерата да се уклучи.телефонот звони а на третото звонење светнува и кажува кој звони катастрофа од телефон.
Редми 9А има слаби перфоманси а се користат големи апликанции на него сигурно, други фајлови, кои дополнително го оптеретуваат и затоа кочи. Јас користам Шаоми веќе 7 години, послабите секогаш кочеа зошто и беа оптоварени. Сега користам Редми Ноте 11, во една ипол година користење воопшто нема закочено, но далеку помоќен од сите претходни обични серии. Хуавеј гледам е на акција, со задоволителни и добри перфоманси, се исплаќа, ама немаш Google сервиси и поддршка на него. Затоа има и ниска цена со хепи.
Јас не го користам за работа или кој знај што. Ми ѕреба за основни потреби социјални мрежи,фемина и некој основни апликации како банкарски да си имам колку увид и тоа е тоа. За тоа дал ке ми брка работа,оти шаомиво н амерви ми оде да отворам слушалка да се јавам негде ми требат десет секунди за да ми се отвори именик. @quattro
Шаоми ти кочи бидејќи има слаби перфоманси а апликациите се големи, социјалните мрежи се пораснати и растат со секој апдејт и се повеќе зафаќаат место, некогаш беа доволни 3ГБ ама сега се ништо, затоа и ти кочи оти е со слаби перфоманси, доволно е да инсталираш само социјални мрежи (фб, инста, вибер, снеп чет, тик ток итн) и за 90% се оптоварува системот. Хуваејот ќе ти брка работа и нема да кочи зошто мислам дека е со 4/128 меморија а и нее лош процесорот. Ама на него немаш Гугл сервиси, немаш Плеј стор, Гугл, и останати апликанции кои доаѓаат со андроид, зошто Хуавеј има санкции за користење на Гугл Сервисите.
Оди на вебсајтот на Телеком и кликни на посакуваниот модел. Во делот за карактеристики на моделот пишува дали работи само со нивна сим или не.
Дечки синоќа на рекорд во 15ка ми го украдоа телефонот ЛГ22 пријавив во полиција, некој совет? Имам пин,бројот исклучен е изгледа...
Купи си нов џабе пријавуваш.Којзнае веќе во која мобилара е продаден.Сигурно на бит пазар зошто таму партал прават одма ги декодираат стручњаци се за крадени телефони.
https://eshop.telekom.mk/category/m...deviceList=device list section&bp=acquisition Дали го има некој да сподели искуство?
Некој искуство со Samsung A54 и S23 Ultra? Дали ултра вреди за разликата во цената? И гледам дека за 10-15 дена самсунг ваѓаат нови флип телефони, па дали е можно да падне цената и на S23 или не? Повеќе ме привлекува S23 Ultra, но цената му е стварно енормна...