Мислам дека на сите мобилари им треба повеќе време додека средат промена на стаклото и не се прави во 10-15 мин... не сум сигурна но еве нека каже некој што повеќе знае можеби
Мене ми имаат менувано стакло и да, чекав неколку дена за промената. Дали има некој менувано звучник на телефон?
Скроз различни телефони, во различни класи. А54 е средна класа. А Ултрата е најдобриот телефон на пазарот моментално, или меѓу најдобрите. Дали вреди да дадеш толку пари се зависи од тоа како ќе го користиш и за што. Разликата е повеќе од очигледна. Е сега субјективно дали ти вреди...
Јас имам A54 моментално, немам замерка за телефонот, супер е. Единствено што можеби би замерил е дека зумот е само 10x, ама тоа е веројатно субјективно зашто преминав од A72 кој беше предобар исто и имаше предобар 30x зум. Јас се мислев меѓу овој и S21 FE, го одбрав овој единствено затоа што може да се стави SD картичка, што мене баш ми треба и ми е приоритет, а на другиве нема таков slot. Како и да е, супер value for money
Од следниве марки која би ми ја препорачале: Realme, Vivo, Honor, Xiaomi, TCL, Motorola, Apple i Samsung?
Јас сум секогаш за Samsung, малку поскапо ќе го платиш од другите но поквалитетен е дефинитивно. За Apple ме сум користела, но лично јас не би можела да се снајдам.
Во зависност од цената, таа марка ќе ја бираш, т.е. кој нуди најмногу за буџетот што го имаш. Општо земено, Шаоми царува во нискиот и средниот сегмент во Андроид. Во средно-високиот и премиум Самсунг. Ако сакаш iOS оперативен, ќе одиш на Епл. Таму немаш избор. Пиксел телефоните се исто така интересни и нудат многу за парите.
Дечки, овие неколку дена забележувам дека кога ми се полни телефонот некое време си стое на 80% и никако не мрда нагоре да се полни, дури после некое време почнува, а до тогаш ќе ми се наполнеше до 100, брзо полнење ми е полначот. Знаете што може да биде? Ајфон имам инаку
Ова и мене ме интересира? Ајфон 11 имам, звукот ми е намален и зуе предниот звучник. Сакам да го сменам но не знам каде. И по можност да не е 10 дена, ми треба за работа.
60% од цената кај Samsung или Apple го плаќаш брендот, останатите 40% тоа што го добиваш со телефонот. За разлика од конкуренцијата, особено Xiaomi, Realme, Honor, Vivo, Motorola или TCL, на прв план се плаќа она што го добиваш. Кај Шаоми или другиве, за дупло помалце или иста цена ќе имаш повеќе "добивка" или "можности" за разлика од Самсунг каде истото е поскапо или за таа цена се добиваат послаби перфоманси и можности. Самсунг е премиум бренд во Андроид сегмент и Apple во нивниот како посебен. Меѓутоа, последно време нема разлика меѓу Xiaomi, Samsung, Realme, Honor итн.. освен во цената. Јас како корисник на Шаоми долго време, дефинитивно сум презадоволен, телефонот е квалитетен а и MIUI е среден, последниов 14 е супер бар за мене. Однос - цена и квалитет: Xiaomi и останативе Ако е важен брендот: Samsung или Apple Твое е да си одлучиш дали за истото или слично ќе платиш помалце или повеќе.
Се менува ова, не е како што беше на времето. Сега и Шаоми ги крена цените ептен и не се исплаќа секогаш да земиш Шаоми. Еве гледај за споредба А54 (го има на други места за 16к) и Редми Ноте 12 Про, а А54ката е подобра. Или гледај во висок сегмент. Шаоми 13 е 42к и за истите пари има да купиш S23+ кој е далеку подобар телефон. Стратегијата на двата бренда е различна. Самсунг ги пласира телефоните со високи цени до плафон, и за неколку месеци ги спушта за 30-40%. Додека Шаоми вади малку пониски цени на старт, ама цената не паѓа на доле. Па затоа и времето кога ќе го купиш е битно. Овие другиве се боранија веќе и ретко може да се начека телефон што ќе понуди повеќе од Шаоми и Самсунг за иста цена. Се повеќе имаме дуопол во Андроид, и Епл, ама они си се посебна приказна.
Баш и јас тоа го забележав, цениве се во пораст кај сите производители скоро, не само во мобилнава индуcтрија, општо од се и од ИТ и од други индустриски сектори. Го имав на ум само сепак повеќе мислев на нискава клас на ефтини телефони, блиску се тука негде, но во ниската класа сепак овие не "не премиум брендови" нудат нешто плус или слично за разлика од звучниве брендови, пример Самсунг, Галакси А14 пример наспроти конкуренцијата не нуди ништо повеќе а цената е повисока или иста со другиве што даваат повеќе поволности. А за високиот сегмент се согласувам, цениве за се одат во неповрат.
Јас би одел со А54 затоа што е понов, ама сигурно не би погрешила ни со А73, кога А72 ми беше стварно предобар телефон.
Zdravo, sakam da kupam nov celofan iPhone 14 pro max. Dilemata e dali mozam da im veruvam na privatnive mobilari ili ne? Vase mislenje? Vi blagodaram.